Штипската болница во првите шест часа примила од 120 до 130 повредени од „Пулс“

March 15, 2026
1 min read

Клиничка болница Штип, како најголема регионална болница во источниот дел од државата, го презеде првиот удар по трагедијата во Кочани и во првите шест часа прими околу 120 до 130 повредени, изјави директорот на болницата Влатко Захариев на Меѓународната конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“.

Захариев истакна дека во првите 60 до 70 минути во болницата пристигнале околу 40 пациенти со изгореници, по што итно бил мобилизиран персоналот. На повикот за помош, тој истакна дека се одзвале околу 90 до 100 вработени, меѓу кои лекари, медицински сестри, анестезиолози, фармацевти, болничари и друг персонал. Во првиот час, како што рече, биле формирани околу десет тимови кои што вршеле првична тријажа, поставување венска линија, инфузија, аналгетска и антибиотска терапија и преврска. Пациентите потоа биле подготвувани за транспорт во координација со другите здравствени установи.

За околу 45 минути од првиот прием, Захариев посочи дека почнал транспортот кон терцијарното здравство во Скопје, истакнувајќи дека првично биле испраќани полесните пациенти, со цел скопските болници да не бидат веднаш изложени на целосниот удар, додека потешките и критични случаи биле стабилизирани и потоа етапно транспортирани.

– Морам да се заблагодарам и на директорите на регионалните здравствени установи од целиот исток, сите се јавија, и несебично го упатија својот персонал во Клиничка болница Штип, а исто така и транспортните возила, брзата помош, беа најбрзо што можеа во болницата. Така, за околу 45 минути од првиот прием веќе почна транспортот кон вас, трициерно здравство и „Мајка Тереза“. Како што приметувавте, прво беа полесните пациенти, тоа беше наша одлука за да го спречиме тоа плато да не бидете вие директно на удар, туку прво да ги згрижиме полесните пациенти за потоа кога ќе ги стабилизираме потешките пациенти и критичните, да ви ги праќаме етапно за да може да ги згрижувате како што треба. Мислам дека и таа стратегија допринесе да немаме друг изгубен живот – истакна Захариев.

Во штипската болница, до 8 часот, како што рече, биле евидентирани 49 болнички приеми на пациенти со средно тешка и тешка клиничка слика. До 15 часот во болницата останале околу 30 стабилизирани пациенти, а по натамошна координација со скопските клиники, до 22 часот повеќе немало повредени задржани во болницата.

Захариев оцени дека добрата координација и тријажа придонеле да не се изгуби ниту еден дополнителен живот и изрази благодарност до директорите на регионалните здравствени установи од источниот дел на државата, кои, како што рече, несебично испратиле персонал и транспортни возила за помош.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Зимски циклон со центар над Јонско море следната недела ни носи заладување, дожд и снег

Следно

ХРАНА: Во американско-израелските напади во Иран се убиени над 3.000 луѓе

Latest from Blog

Мерц: За прв пат најдовме заеднички јазик со Трамп, тоа е вистински успех

 Германскиот канцелар Фридрих Мерц беше еден од првите што ја напушти салата за состаноци пред новинарите и ја пофали заедничката декларација за поддршка на Украина. – Ова е прв пат откако претседателот

Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП над 3 проценти е најсилна потврда за успешните економски политики

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна

Димитриеска-Кочоска: Растот од над 3% на БДП е показател за напредок

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна

Не му се верува: “Еве како реагира Зидан по трите гола на Меси во мрежата на неговиот син!“(ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Француската легенда Зинедин Зидан беше на стадионот во Канзас Сити за да го гледа натпреварот од Светското првенство помеѓу Аргентина и Алжир во живо. За жал за Зизу, неговиот син Лука

Трамп: Ако Иран не го почитува договорот, ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ НА БОМБАРДИРАЊЕТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави на маргините на самитот на Групата седум (Г7) во Франција денес дека привремениот договор со Иран сè уште не е конечен и предупреди дека Вашингтон би можел
Go toTop