СО ФРАНЦУСКИОТ ФИЛМСКИ ХИТ „ГРОФОТ ОД МОНТЕ КРИСТО“ НА 7 МАРТ СЕ ОТВОРА МЕСЕЦОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТА ВО СКОПЈЕ

February 26, 2025
1 min read

Со проекцијата на францускиот филмски хит „Грофот од Монте Кристо“ во киното Синеплекс, на 7 март се отвора Месецот на Франкофонијата во Скопје, чии содржини ќе се одвиваат до 8 април. Во креирањето на филмската програма учествуваа амбасадите на Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Канада, Белгија и Франција, па ќе биде прикажан по еден филм од секоја од овие земји. Македонската кинематографија ќе ја претставува „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец, што ќе се прикаже на 27 март во Кинотеката.

„Зошто секоја година во март ги славиме Франкофонијата и нејзините вредности? Зошто го правиме тоа заеднички? Франкофонијата е заеднички јазичен простор, со повеќе од 300 милиони говорници во светот, но и простор на вредности. Ова не е само лингвистичка заедница, туку и политичка организација, во која членуваат 93 држави, а Северна Македонија е рамноправна членка од 2006. Овој месец е повод да истакнеме и една нова едукативна соработка, откако направивме план за возобновуање на интересот за изучување на францускиот јазик во основните школи. Сакаме да ги охрабриме учениците да го изберат францускиот јазик како втор странски јазик“, кажа амбасадорот на Франција во Македонија, Кристоф Ле Риголер.

Покрај филмови, во рамките на Месецот на Франкофонијата ќе се одржат и изложба, натпревар по изразно читање, младински франкофонски парламент, ден на франкофонски култури… Посебен настан ќе има во Битола на 17 април, кога ќе настапи францускиот пијанист Лоран Кулондр.

Г. КОНЕВ

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Која е Казанчи холдинг, групацијата која сака да инвестира милијарда евра во енергетиката

Следно

Во март ќе се потпише договорот, „Рапид билд“ за 60 милиони евра ќе го гради интерконекторот со Грција

Latest from Blog

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop