Сноубордер зафатен од лавина на турската планина Артос успеа сам да се спаси

April 5, 2025
1 min read

ВАН (АА) – Сноубордерот Шахабетин Ѓун, зафатен од лавина додека скијал на планината Артос во подрачјето на Геваш во турски Ван, успеа да се извлече од снежниот нанос, јавува Анадолу.

Група скијачи вчера се искачија на планината Артос висока 3.550 метри, со голема снежна покривка.

Сноубордерите, кои стигнале на врвот по макотрпно искачување кое траело околу 4 часа, по направена пауза почнале да се спуштаат со сноуборди од падините со висок наклон.

Ѓун, кој беше зафатен од лавината близу врвот на падините, успеа самостојно да се извлече, откако извесно време беше носен од снежниот нанос.

Пријателите на Ѓун, кои во последен миг ја избегнаа лавината, мораа да се спуштат од друга рута.

Ѓун за Анадолу изјави дека забележал дека снежните маси се кршат додека се спуштал од стрмната падина на планината Артос.

Моментите на лавината и спасувањето на сноубордерот се снимени со дрон од екипата на АА.

Раскажувајќи дека одеднаш бил фатен среде лавина, Ѓун рече:

„Во последен момент се префрлив на десната страна. И покрај тоа, не можев да избегам од лавината. Ме носеше околу 60 метри. Благодарение на тоа што не ме фати паника, успеав да се извлечам самостојно“, изјави тој за АА.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ден на палестинските деца: Во израелските напади во Газа убиени над 17.000 палестински деца

Следно

Шукова: Институциите затаија со загадувањето на Крива Река, одговорност мора да има

Latest from Blog

Беше исклучително важен сојузник на Украина, го посети Киев во петокот и ПОЧИНА 48 ЧАСА ПО СРЕДБАТА СО ЗЕЛЕНСКИ

Линдзи Греам, долгогодишен американски сенатор и еден од најистакнатите републикански застапници на поддршката за Украина, почина на 71-годишна возраст, само два дена по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. Според

Уставниот суд: Упатуваме остри критики кон обидите за груба партизација и политизација

Уставниот суд упатува остри критики кон, како што велат, обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност

ВЛЕН: ДУИ протестира за своите привилегии, а не за интересите на Тетово

Политичката партија ВЛЕН реагираше по вчерашниот протест на ДУИ во Тетово, оценувајќи дека станува збор за политички собир организиран поради, како што велат, „изгубените привилегии“, а не во интерес на граѓаните. Од

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“

Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди
Go toTop