Скопската зоолошка ќе организира хуманитарен настан за Турција и Сирија

February 23, 2023
1 min read

Во сабота (25.02.2023) во 12 часот во ЗОО Скопје ќе се одржи хуманитарен настан со наслов „Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија”.

– Оваа сабота со поддршка од Градот Скопје, во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи хуманитарен настан за помош на настраданите семејства во земјотресот во Турција и Сирија. Да ја покажеме солидарноста на дело и заедно да донираме и помогнеме онаму каде што е најпотребно. Собраните средства ќе бидат префрлени на сметката за донации за настраданите во земјотресот на Црвениот Крст на Град Скопје, отворена за таа намена, информираат од ЗОО Скопје.

Програмскиот дел ќе го исполнат Стела и Сани, ЗОО Азбука/ДКЦ Карпош, а ќе има и обраќање  на спасувачи/волонтери кои помагаа во Турција, додека учество ќе земе и Градскиот мешан хор Вардар, а децата ќе ги дружи и забавува Слончето Халки.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Русија тврди дека Украина подготвува „воени провокации“ во Транснистрија

Следно

Јануарската инфлација во еврозоната 8,6 отсто, во ЕУ 10 отсто

Latest from Blog

„Мојата работа е како мусака – се во едно“ – Шекеринска во интернет шоуто „Career Ladder“

Заменичката-генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, се појави во популарното интернет шоу „Career Ladder“, каде водителот на скала се обидува да погоди професии на случајни минувачи за помалку од две минути. Шекеринска

Убиство во Скопје – обвинител на терен, се врши увид во куќата!

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска изврши увид на лице место во семејна куќа во Скопје, каде според првичните сознанија маж ја лишил од живот својата сопруга. Јавниот обвинител

За кардиологот на Вучиќ не е реално тој да се врати на редовните активности во следните дена

Началникот на управата за воено здравство, кардиологот Драган Динчиќ изјави дека здравствената состојба на српскиот претседател Александар Вучиќ моментално е стабилна и задоволителна, дека ќе ја напушти Воено-медицинската академија за еден час

Пред конклавата во Рим исполнети 90 отсто од сместувачките капацитети

Властите во Рим очекуваат стотици илјади туристи за време на конклавата, изборoт на нов папа, која започнува на 7 мај, а градската хотелска асоцијација наведува дека 90 отсто од сместувачките капацитети се
Go toTop