Нови директни летови од Скопје до Барселона и Лион

May 3, 2025
1 min read

Од скопскиот аеродром вечерва полетаа првите патници кон Барселона и Лион со новите линии на „Виз ер“. Станува збор за воспоставување на директна авионска врска со два европски града, кои досега или биле недостапни или ретко опслужувани од Скопје.

Летот до Барселона, кој повторно се воведува по повеќегодишен прекин, ќе се реализира двапати неделно, додека Лион како нова дестинација ќе биде достапен три пати неделно. Првите летови биле полни – 161 патник кон Шпанија и 180 кон Франција, соопштува ТАВ Македонија.

Иако иницијативата доаѓа од нискобуџетен оператор, воведувањето на овие рути значи проширување на изборот за патниците од Македонија, особено во услови кога пристапот до директни летови кон Западна Европа е ограничен. Барселона е популарна туристичка дестинација, а Лион е познат како културен и кулинарски центар во Франција.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За кардиологот на Вучиќ не е реално тој да се врати на редовните активности во следните дена

Следно

Убиство во Скопје – обвинител на терен, се врши увид во куќата!

Latest from Blog

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги

22,7 милиони денари промет на Берзата – најголем интерес за банкарските акци

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,19 поени. Во
Go toTop