Сите проекти на ДЛУМ ја претставија македонската ликовна сцена во најдобро светло

December 31, 2023
1 min read

Друштвото на ликовни уметници на Македонија годинава успешно ја реализираше годишната програма во рамките на која пред ликовната јавност во државата и надвор на меѓународната сцена се претстави со бројни изложби. Како што посочува Јана Манева-Чупоска, претседател на ДЛУМ, сите проекти ја исполнија целта, претставување на македонската ликовна сцена во најдобро светло.

Годинава две изложби претставивме во две земји, во Полска, поточно во градот  Варшава, како и во Хрватска, во Загреб. Во Варшава организацијата беше на македонскиот амбасадор Илија Псалтиров, кој навистина се потруди достојно и професионално да го презентираме македонското ликовно творештво преку изложбата „Експериментален цртеж“. Изложбата се реализираше во културниот центар Виланов во Варшава каде што длумовата изложба беше дел од официјалната програма „30 години билатерални односи помеѓу Република Македонија и Република Полска. На самото отворање бев присутна заедно со наградената учесничка од изложбата „Експериментален цртеж“, ликовната уметница од Кочани, Марија Мицова-Гацова и техничко лице и ликовен уметник во ДЛУМ, Дејан Иванов Маргуш. Организацијата на амбасадорот Псалтиров беше беспрекорна. Навистина искрени честитки за неговиот ангажман за целосната негова организација каде што беа присутни голем број амбасадори од други земји кои имаа можност одблизу да се запознаат со нашата ликовна сцена. Договоривме и многу голем број на нови случувања, изложби за следната година и секако, новите контакти се секогаш еден од начините за продолжување на соработката“, истакна Манева-Чупоска.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски: Во новата година да бидеме подобри и потолерантни, да ги надминеме недоразбирањата

Следно

УНРВА: „Луѓето се гладни и очајно бараат храна“

Latest from Blog

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“

Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди

Швајцарскиот селектор бесен на судијата: Ваквите одлуки му штетат на фудбалот

Швајцарската фудбалска репрезентација беше запрена во четвртфиналето на Светското првенство по драматичниот пораз од Аргентина со 3:1 по продолженијата. Сепак, натпреварот беше обележан со контроверзна судиска одлука, за која тренерот Мурат Јакин

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви
Go toTop