Сирија: Семејствата чекаат пред затворот „Седнаја“ со надеж да ги најдат своите исчезнати

December 11, 2024
1 min read

ДАМАСК (АА) – Семејствата на оние што исчезнаа под режимот на Башар ал Асад со надеж продолжуваат да чекаат пред затворот „Седнаја“, познат по тортурата и нехуманите услови во Дамаск, главниот град на Сирија.

За време на владеењето на соборениот режим на партијата Баас во Сирија илјадници беа подложени на тортура во десетици центри за тортура надвор од затворот „Седнаја“.

Од почетокот на бунтот во март 2011 година соборениот режим на Баас измачува и убива илјадници. Сепак, се стравува дека недокументираните бројки достигнуваат и десетици илјади.

Според Сириската мрежа за човекови права (СНХР), режимските сили притвориле најмалку 1,2 милиони Сиријци за време на граѓанската војна и ги подложиле на различни методи на тортура.

Иако режимот соопшти за над 20 таканаречени одлуки за амнестија за време на војната, меѓународните организации за човекови права наведуваат дека режимот продолжил да приведува Сиријци.

Во голем број извештаи од меѓународни организации се нагласува дека приведените биле убивани со тортура.
Анадолу собра детали за центрите и методите на тортура под соборениот режим на Баас, која владееше 61 година.

Според ексклузивен извештај на СНХР за Анадолу, центрите за тортура на режимот биле категоризирани како цивилни затвори, воени затвори, тајни неофицијални притворни центри и центри за испрашување на безбедносните единици.

Има над 50 такви центри во речиси сите покраини во земјата.

Затворот „Седнаја“, каде што се верува дека се затворени десетици илјади, има најлоша репутација од сите.

По протестите во март 2011 година „Седнаја“ стана центар за тортура, каде што се држени десетици илјади политички затвореници.

По падот на 61-годишниот режим на партијата Баас на 8 декември, вниманието се насочи кон ситуацијата на затворениците во „Седнаја“.

Некои приведени, наводно, се појавиле на безбедносните камери, но потоа не можеле да бидат пронајдени и тоа ја зголемува можноста да се наоѓаат во тајни простории под земја.

Екипите продолжуваат да копаат тунели и да уриваат ѕидови, а Сиријците кои со години не слушнале ништо за најблиските се собираат во затворот барајќи трага од нив.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Николоски: Од 27 март, Туркиш ерлајнс започнува да лета на линијата Охрид-Истанбул

Следно

ФИФА официјално ги објави домаќините на Светските првенства во 2030 и 2034 година

Latest from Blog

ВЛЕН: Предавството од 2021 ќе се исправи – ДУИ: Одговорност за тие што ја поткопуваат еднаквоста и меѓуетничките односи

Коалицијата ВЛЕН смета дека пописот на населението во 2021 година претставува предавство и една од најголемите институционални неправди што некогаш им е направена на Албанците во Северна Македонија. „Ова не беше статистички

Во Грција регистриран смртен случај од Конго-кримска хеморагична треска

Смртен случај од Конго-кримска хеморагична треска бил регистриран во грчката општина Еласона, во областа Лариса, а станува збор за пациент постар од 70 години, кој бил хоспитализиран во болница со сериозно влошена

Масовен студентски протест во Белград

Во центарот на Белград денеска се одржува голем студентски протест, со барања за распуштање на парламентот и распишување вонредни избори, како и прекин на протестниот камп во Пионирски парк. Организаторите најавија дека,

ВЛЕН: Пописот од 2021 беше политичка измама – Уставниот суд ја поништи неправдата кон Албанците

ВЛЕН остро го осуди пописот на населението од 2021 година, нарекувајќи го „политички проект“ со цел систематско намалување на бројот на Албанци во земјата. Тие обвинија дека, со поддршка на ДУИ и

Најмалку 13 војници загинаа во бомбашки напад во пакистанската покраина Хајбер Пахтунхва

ИСЛАМАБАД (АА) – Според првичните информации, најмалку 13 војници загинаа, а 24 се повредени, вклучувајќи и цивили, во бомбашки напад извршен во пакистанската покраина Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан, известува Анадолу.
Go toTop