Сиљановска со вето за „албански во градинките“ – Лимани: За Албанците, сертификатите ќе бидат на албански јазик

January 6, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Силјановска на 31.12.2024 година го извести Претседателот на Собранието, Африм Гаши, дека нема да го потпише указот за Законот за заштита на децата со кој се предвидува употреба на лиценци на два јазика во градниките. Во образложението на Претседателката, се вели дека измените одобрени во законот содржат некои спорни одредби. Во документот, Силјановска вели дека направила анализа и консултации со експерти, по што бара ревидирање на одредбите на членовите 9 и 10 од предлог-законот.

„Верувам дека Собранието ќе ги има предвид моите забелешки и укажувања при повторното разгледување на одредбите од членот 9 и членот 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, што го донесе на 24 декември 2024 година и ќе креира јасни, прецизни и недвосмислени решенија во согласност со Уставот“, вели Гордана Сиљановска Давкова.

Реагираше ЕФ од каде велат дека претседателката првото вето го направила против албанскиот јазик. Според нив државниот апарат направил незапирливи обиди за газење на албанскиот јазик и за обезвреднување на Албанците во земјава.

„Она што нам Албанците ни е свето – нашиот јазик, нашето рамноправно учество во оваа земја – не може постојано да биде предмет на агресија без последици во државава во целост. Ова не е само прашање на Албанците, ова е прашање за вредностите на оваа држава“, велат од ЕФ.

Инаку ставот на ВРЕДИ е дека одлуката на претседателката Силјановска е поттикната од дневна политика и донесена под притисок на Левица и СДСМ.

„Доколку заштитата на децата се мери преку призмата на тврдењето дека албанскиот јазик е наводно претеран, како политичари сме на погрешен пат. Наместо да зборуваме за укинување на срамната формулација изразена во проценти за албанскиот јазик, претшколската грижа се политизира. Нашата порака е јасна, нема да дозволиме да се добиваат политички поени на грбот на користењето на албанскиот јазик со образложение дека прашањето се разгледува во Уставен суд“, вели Вреди.

Но, што ќе се прави понатаму и како ќе заврши оваа постапка, го прашавме министерот за социјална политика Фатмир Лимани. Тој кусо одговори: „За Албанците сертификатите ќе бидат на албански јазик“.

Инаку, пратениците во Собранието овој закон го изгласаа на 24 декември 2024 година во рамки на 27 пленарна седница, со просто мнозинство и Бадентер. Со непотпишувањето на Указот, законските измени сега се враќаат во Собрание и доколку повторно се изгласаат, претседателката ќе има обврска да го потпише указот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: Да ја споделиме радоста со нашите најблиски и да покажеме дека заедно можеме да создадеме подобра иднина

Следно

Русија ја обвини Украина за напад со дронови врз нуклеарната централа во Запорожје

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната

Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија – МБИ10 со благ пад од 0,07%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 23 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,07% и заврши на 9.949,44

Намален ДДВ, стабилни цени – Владата го ублажи ударот врз граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop