Русија ја обвини Украина за напад со дронови врз нуклеарната централа во Запорожје

January 6, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија денес потврди дека Украина извршила напад со беспилотно летало врз нуклеарната централа во Запорожје и градот во близина, Енерходар, јавува Анадолу.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинската војска вчера ја нападнала нуклеарната централа и градот во близина со осум беспилотни летала, од кои сите биле соборени од руските системи за противвоздушна одбрана.

„Кога едно од соборените беспилотни летала падна, тоа експлодира и се запали на покривот на центарот за обука на Нуклеарната централа Запорожје“, се вели во соопштението, во кое се додава дека нема жртви и дека нивото на радијација е нормално.

Изјавата на Москва следуваше еден ден откако Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), рече дека персоналот на МААЕ во нуклеарната централа слушнал две експлозии.

Гроси во изјавата рече дека Агенцијата сè уште не е во можност да потврди никакво влијание, но е запознаена со извештаите во врска со центарот за обука.

„Нападот на која било нуклеарна централа е целосно неприфатлив“, рече Гроси, повикувајќи на максимална воздржаност за да се спречат заканите за безбедноста на постројките.

Украинските власти сѐ уште не ги коментираа овие тврдења.

Од 1 септември 2022 година, персоналот на МААЕ е присутен во нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа и една од десетте најголеми во светот, која е под руска контрола од март 2022 година.

Останува загриженоста за можна нуклеарна катастрофа, при што Москва и Киев често меѓусебно се обвинуваат за напади околу комплексот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска со вето за „албански во градинките“ – Лимани: За Албанците, сертификатите ќе бидат на албански јазик

Следно

Пораки за добро здравје и благосостојба во новата година

Latest from Blog

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено

Манчини со пораз се врати на клупата на Италија: „Не смееме да дозволиме поразите да нè обесхрабрат“

Роберто Манчини со пораз го започна новиот мандат на клупата на италијанската репрезентација. Аѕурите на домашен терен загубија со 0-2 од Белгија во првото коло од Лигата на нации, иако италијанскиот селектор

Македонија лидер на Балканот: Речиси една третина од домашната струја е произведена од сонце

Македонија се издвојува како соларен лидер на Балканот според односот меѓу произведената електрична енергија од сонце и вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија. Според податоците на Ember за 2025 година, соларните електрани
Go toTop