Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

November 5, 2025
1 min read

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање.

ПК „Љуботен“ претставува најстар активен планинарски клуб во Македонија и е долгогодишен симбол на планинарската традиција, спортскиот дух и љубовта кон природата. Клубот брои над 150 активни членови и важи за еден од најголемите организатори на планинарски походи на Балканот.

Во рамки на одбележувањето на јубилејот, на 15 ноември во Домот на културата во Тетово ќе се одржи Свечена академија, придружена со прикажување на документарен филм и изложба посветена на вековното постоење и активност на клубот.

Министерството за спорт е главен поддржувач на манифестацијата со која се одбележува овој значаен јубилеј, препознавајќи ја улогата на ПК „Љуботен“ во развојот и промоцијата на планинарството, рекреативниот спорт и спортскиот туризам во земјата.

Министерот Ристовски изрази голема почит и признание за континуираниот придонес на клубот и нагласи дека државата ќе продолжи да ја поддржува планинарската заедница како дел од својата стратегија за унапредување на спортот и активниот животен стил.

-Планинарството е спорт што ги обединува луѓето, гради дисциплина и љубов кон природата. Јубилејот на ПК Љуботен е  доказ дека спортската традиција може да живее повеќе од еден век кога се негува со вистинска посветеност – истакна министерот Ристовски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„THE RED APPLE“ -Зохран Мамдани со срп и чекан на насловната на New York Times

Следно

РЕЦЕПТ за највкусни СИТНИ КОЛАЧИ готови за 15 минути: Плазма чоко-стапчиња без печење

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop