Што е познато за Трамп и порноактерката поради која доби обвинение

March 31, 2023
2 mins read

Даниелс тврдеше дека парите во замена да молчи за аферата ги добила само неколку дена пред претседателските избори во 2016 година, а ги прифатила бидејќи била загрижена за безбедноста на своето семејство. Аферата наводно се случила во 2006 година, во хотелската соба на Трамп кај езерото Тахо

Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Доналд Трамп стана првиот поранешен претседател на САД кој се соочува со кривични обвиненија бидејќи ѝ дал пари на порноактерката Сторми Даниелс да молчи за нивна афера што ја имале во минатото.

Големата порота што ја оформи окружниот обвинител на Менхетн, Алвин Брег, како што јавија американските медиуми, гласала да се покрене обвинение. Обвинителот ја оформи големата порота на почетокот на годинава со цел да испита дали има доволно докази за кривично гонење. Таа заседава зад затворени врати, а гласањето за случајот со Трамп се случило вчера.

Поранешниот претседател живее на Флорида, а поради обвиненијата се очекува в понеделник да лета за Њујорк, а веќе во вторник да биде изведен пред судот на рочиште кое е предвидено да трае 15-ина минути со цел да му се прочитаат обвиненијата против него.

Безбедноста во судот на Менхетен ќе биде подигната на највисоко ниво и за неа ќе биде задолжена тајната служба на САД надлежна да ги заштитува поранешните американски претседатели.

Детали од обвинението засега не се познати, но што е она што е познато досега во јавноста за Трамп и порноактерката Сторми Даниелс?

Сторми Даниелс / Фото: EPA-EFE/KAMIL ZIHNIOGLU

Нејзиното вистинско име е Стефани Клифорд. Обвиненија во јавноста излегоа во 2018 година. Според нејзините тврдења, таа прифатила 130 000 долари од адвокатот на Трамп, Мајкл Коен, пред претседателските избори во 2016 на кои тој победи, во замена да молчи за нивната афера.

Трамп од своја страна негираше дека имал каква било сексуална врска со Даниелс, а по денешната информација за обвинението тој се огласи велејќи дека ова е „лов на вештерки“.

„Трамп не изгледаше загрижен. Беше арогантен“

Двајцата, според изјавите на порноактерката, се запознале на хуманитарен голф-турнир во јули 2006 година. Таа тврдеше дека имале секс еднаш во неговата хотелска соба кај езерото Тахо, одморалиште што се наоѓа помеѓу Калифорнија и Невада.

Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

„Изгледаше дека не е загрижен за тоа. Беше некако арогантен“,

одговори таа во едно интервју кога ја прашаа дали Трамп барал од неа да молчи за нивната наводна заедничка моќ.

Трамп тогаш бил сам на настанот, а неговата сопруга Меланија Трамп била штотуку породена.

Порноактерката тврди дека добивала закани

Даниелс тврдеше дека парите во замена да молчи за аферата ги добила само неколку дена пред претседателските избори во 2016 година, а ги прифатила бидејќи била загрижена за безбедноста на своето семејство.

Според нејзините јавни сведочења, таа годините претходно добивала закани да молчи. Па така, во 2011 година, набргу откако се согласила да даде интервју за списанието „Ин тач“, тврди дека на паркинг во Лас Вегас неа и на нејзината ќерка, која тогаш била доенче, им пришол непознат маж и ѝ порачал „да го остави Трамп на мир“.

„Таа е прекрасно девојче. Би било штета ако нешто ѝ се случи на мајка ѝ“,

рече Даниел за Си-би-си во 2018 година сеќавајќи се на заканите што ги добивала за интервјуто од 2011.

Интервјуто со „Ин тач“ до 2011 целосно беше објавено дури во 2018 година.

Пред емитувањето, според нејзините тврдења, компанија поврзана со адвокатот Коен ѝ се заканила со тужба од 20 милиони долари бидејќи го прекршила „договорот за молчење“.

Што е незаконски во случајот?

Исплатата во замена за молк, пишуваат американските медиуми, не е незаконска, но бидејќи во случајот била извршена непосредно пред претседателските избори критичарите изминатите години тврдеа дека ова може да значи прекршување на законските одредби поврзани со изборната кампања.

Мајкл Коен, поранешен адвокат на Трамп / Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Иако адвокатот Коен првично жестоко отфрлаше дека Трамп има некаква врска со парите што тој ѝ ги исплатил на порноактерката, подоцна во сведочење под заклетва рече дека поранешниот претседател му рекол да ја направи исплатата на 130 000 долари. Исто така, Коен кажа и оти Трамп потоа нему му ги надоместил парите.

Поранешниот претседател призна дека лично ја надоместил исплатата на адвокатот, што не е нелегално, но негираше дека имал каква било афера со актерката, како и какво било незаконско постапување во однос на изборните закони.

Адвокатот Коен, за потсетување, подоцна беше уапсен поради обвинение со повеќе точки, а потоа призна вина за кршење на законите во текот на кампањата за претседателските избори во 2016 година.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Италијанска кујна не трпи месо од лабораторија

Следно

Подготвена е иницијативата за конфискација на дивоградбите, вели Герасимовски

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop