Шекеринска со одговор до Мицкоски: Ниту сум била, ниту ќе бидам претседателски кандидат

February 16, 2024
1 min read

-Претседателот на СДСМ на различни места кажува различни информации. Последната која што ја добив е дека на едно место пред некој ден кажал дека Радмила Шекеринска сега ќе била кандидат за претседател. Имајќи во предвид дека таа како претседател на СДСМ го има досега убедливо најслабиот изборен резултат што го имала СДСМ, рече Мицкоски.

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска вечерва во изјава за ТВ 21 го демантирашe Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој претходно рече дека имал информации дека Ковачевски зборувал оти токму таа ќе биде кандидатот од СДСМ за иден претседател на државата.

Шекеринска ги отфрли шпекулациите на Микоски како невистинити.

-Ниту сум била, ниту ќе бидам. На сите тоа им е јасно, рече таа.

На прашањето кој противкандидат од СДСМ би им одговарал на ВМРО-ДПМНЕ во трката за претседател, Мицкоски за истата телевизија претходно рече дека изминатиот период од владејачката партија секојдневно стигале чудни, но и различни информации, а како една за кои слушнал е дека Ковачевски кажал дека Радмила Шекеринска ќе била кандидат за претседателските избори од редовите за СДСМ.

-Од СДСМ стигаат некои чудни информации, тонови, различни, во зависност од времето во денот, наутро една, попладне друга, навечер трета информација. Претседателот на СДСМ на различни места кажува различни информации. Последната која што ја добив е дека на едно место пред некој ден кажал дека Радмила Шекеринска сега ќе била кандидат за претседател. Имајќи во предвид дека таа како претседател на СДСМ го има досега убедливо најслабиот изборен резултат што го имала СДСМ. Тоа за нив што сега изгледа дека е слаб резултат, за изборите би бил нешто што да можат да го вратат времето би го посакувале. Како најслаб резултат е околу 200 илјади гласа на СДСМ, но мислам дека овој пат ќе одат многу подоле, вели Мицкоски.

Извор: skopskoeho.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Без струја делови од општина Карпош и селата Буковиќ и Кучевиште

Следно

Санкционирани 155 возачи во Скопје

Latest from Blog

Французите го кренаа гласот поради судиите, Дешамп порача: Тие не се нашиот противник

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, изјави дека нема проблем со одлуката на ФИФА натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство меѓу Франција и Мароко да го суди аргентински судиски тим. Одлуката предизвика бројни

Русија го забрани извозот на дизел

Одлуката би можела дополнително да го зголеми притисокот врз глобалниот пазар на гориво, кој веќе е погоден од прекините во снабдувањето предизвикани од војната со Иран. Според податоците собрани од Блумберг врз

Кредибилитетот што го изградила во НАТО, Македонија да го искористи за деблокада во ЕУ, предлага Шекеринска

Кредибилитетот што Северна Македонија го изградила како сигурен, одговорен и рамноправен сојузник во НАТО треба мудро да се искористи за надминување на билатералните предизвици и за откочување на процесот на европска интеграција,

„Ова беше најголемиот грабеж во историјата на светските првенства“

Шпанскиот новинар Маноло Лама не штедеше зборови по драматичната победа на Аргентина над Египет во осминафиналето на Светското првенство, велејќи дека тоа е „најголемото судење во корист на една репрезентација во историјата

Во Барселона забележан нов температурен рекорд

Во многу популарниот туристички град на Шпанија, близината на морето го ублажува чувството на топлина, велат експертите. Земјата речиси навикната на високи температури Шпанската метеоролошка агенција Аемет вчера издаде црвено предупредување за
Go toTop