Северна Кореја тврди дека договорот за стратешко партнерство со Русија претставува воен сојуз

June 20, 2024
1 min read

ПЕКИНГ (АА) – Севернокорејските власти соопштија дека сеопфатниот договор за стратешко партнерство потпишан за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин е пакт сличен на воениот сојуз со Советскиот Сојуз од периодот на Студената војна, пренесува Анадолу.

Севернокорејската новинска агенција КЦНА јавува дека договорот потпишан вчера вклучува обврски за обезбедување воена помош во случај едната страна да биде нападната, и да не се склучуваат договори со други земји против интересите на другата страна.

„Доколку едната страна влезе во воена состојба поради окупација на земја или група земји, другата страна ќе ги мобилизира сите средства со кои располага и, во согласност со член 51 од Повелбата на Обединетите нации (ОН) и законите на Северна Кореја и Русија, без одлагање да пружи помош“, се вели во текстот на договорот што го објави КЦНА.

Членот 51 од Повелбата на ОН вели дека земјите членки имаат право на индивидуална и колективна самоодбрана во случај на вооружен напад.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера беше во официјална посета на Северна Кореја, а за време на посетата беше потпишан и договор за сеопфатно стратешко партнерство.

Путин рече дека договорот ветува дека другата страна ќе обезбеди воена помош доколку една од страните биде нападната, но тој за време на обраќањето не употреби термини како сојуз или пакт.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го опиша договорот како пакт и нагласи дека билатералните односи се подигнати на ниво на високо сојузништво.

Советскиот Сојуз и Северна Кореја го потпишаа Договорот за пријателство и заемна помош во 1961 година за време на Студената војна. Договорот вклучуваше аранжман опишан како автоматска воена интервенција. Според тоа, беше предвидено доколку едната страна биде нападната, другата страна да не се двоуми да даде воена и друга поддршка.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вооружена престрелка во Филаделфија, ранети седум лица

Следно

Времен сообраќаен режим во Центар

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop