Сестрата на Тупанчески ја повлече кандидатурата за функцијата за која решава брат ѝ – министер

January 11, 2023
1 min read

Наташа Гоџоска, обвинителка од ОЈО Скопје и сестра на министерот за правда, се кандидираше за претставник на земјава во Европравда во втората половина на декември. Предлогот за функцијата го утврдува јавниот обвинител на РСМ, а изборот формално го потврдува министерот за правда, што го отвори прашањето за судир на интереси доколку беше предложена за функцијата

Обвинителката Наташа Гоџоска се повлекла од трката за избор на јавен обвинител што ќе ја претставува земјава во Европравда – агенција на ЕУ за соработка на обвинителствата на земјите членки, но и агенција за соработка на обвинителствата од ЕУ со трети земји, особено со земји кандидати, како што е Северна Македонија.

Информацијата за „360 степени“ попладнево ја потврдија од Јавното обвинителство на РСМ.

Седиштето на Јавното обвинителство на РСМ

„Јавниот обвинител Наташа Гоџоска ја повлече својата пријава на интерниот оглас. За позицијата – јавен обвинител за врска со Европравда пријавени се уште четворица јавни обвинители. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ги разгледува пријавите и ќе донесе одлука кого да предложи за позицијата“,

соопштија од Јавното обвинителство.

Повлекувањето на кандидатурата значи дека е отстранета потенцијално проблематичната ситуација за министерот за правда и брат на обвинтелката Гоџоска, Никола Тупанчески. Иако според член 112 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, кандидатот за Европравда го утврдува јавнот обвинител на РСМ, изборот формално го врши министерот. Така, ако јавниот обвинител Љумобир Јовески ја предложеше Наташа Гоџоска, министерот за правда Никола Тупанчески, кој е нејзин брат, ќе имаше „врел костен“ в рака.

Член 112
(1) Министерот именува Јавен обвинител за врски во ЕВРОПРАВДА, на предлог на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија

ЧЛЕН 112 ОД зАКОНОТ ЗА МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА ВО КРИВИЧНАТА МАТЕРИЈА.

Добро упатени извори за „360 степени“ деновиве само неофицијално тврдеа дека министерот не би го потпишал изборот на неговата сестра, поради јасниот судир на интреси. Официјално, сепак, на прашањето за потенцијалниот судир на интереси, од министерството ни одговорија само дека до нив не е стигнат предлог од јавниот обвинител на РСМ.

Никола Тупанчески, министер за правда.

Повлекувањето на кандидатурата на Гоџоска значи дека во трката за функцијата, која има дополнителна тежина бидејќи земјава е кандидат за ЕУ, останаа обвинителите:

1. Ленче Ристоска, јавен обвинител во ОЈО Скопје

2. Ивана Трајчева, јавен обвинител во ОЈОГОКК

3. Дејан Петрески, јавен обвинител во ОЈО Скопје

4. Александар Марковски, јавен обвинител во ОЈО Скопје

Како што веќе објавивме, сите кандидати, вклучувајќи и Гоџоска, имаа квалификации кои во голема мера одговараа на критериумите во конкурсот – обвинителски стаж, работно искуство, оценување, познавање на странски јазик, завршени постдипломски студии и претходно искуство со работа со меѓународни тела и организации.

Во последните четири години, обвинител за врска со Европравда е обвинителката Ленче Ристоска, која сепак не беше избрана за функцијата по актуелниот закон. Таа беше и првиот обвинител за врска со агенцијата на ЕУ назначаен од државава. Иако земјава презела таква обврска уште во 2009-та година, таа за првпат беше испочитувана во 2018, кога министерка за правда беше Рената Тренеска Дескоска.

И сестрата на Тупанчески кандидат за позиција за која решава брат ѝ – министер

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Курти: Целта ни е уште посилно партнерство со САД

Следно

Супермоделот Татјана Патиц почина на 56-годишна возраст 

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop