СЕКОЈ ТЕАТАР СИ ИМА СВОЈ ТАЛЕ – НЕНАМЕТЛИВ, ВРЕДЕН, ДРУГАР, КАЖАА НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА АКТЕРОТ ТРАЈЧЕ ЃОРГИЕВ ВО МНТ

June 6, 2023
1 min read

Со повеќеминутен аплауз, исечоци од актерските изведби и со присетувања за неговата неуморна работа, актерската и театарската фела се прости од својот колега Трајче Ѓоргиев, кој почина во петокот на 56 години по тригодишната борба со рак на белите дробови, дијагноза која до речиси самиот крај му била позната само на најблиското семејство.

Ѓоргиев беше дел од Македонскиот народен театар повеќе од 30 години, многумина го паметат како Ж‘та од култната ТВ-серија „Бумбари“, беше двигател на пантомимичарската уметност во Македонија и регионот, особено преку својот фестивал ПАНФИЗ, а сите говорници посебно ја нагласија неговата особина на добар другар и добар човек.

Актерката Снежана Коневска Руси се присети на многубројните соработки со Ѓоргиев, кои ги надминуваат класичните актерски рамки.

„И овој собир сега ќе го почнеше со зборовите ‘Дали е тука техниката? Светло, тон, суфлер? Актерите? Да, сите се тука‘. Некои малку доцнат, но Трајче секогаш доаѓаше предвреме. Гледајќи ве вас, ми се полни душата, но и главата со многу мисли, размисли за него, за него како актер, режисер, соработник, пантомимичар, како човек. Се запознавме кога беше раководител и педагог во драмско студио во Кочани. Беше едноставно природен, лесен во говорот, мек, беше добредојден како позитивен лик. Натсинхронизиравме анимирани серии и филмови за деца, десет години работеше мимодрами со наглуви деца во Врање, истражуваше, посетуваше семинари, предаваше. Мал му беше денот, немаше празен ден“, кажа Коневска Руси.

Никола Ристановски кажа дека секој театар си има свој Тале – ненаметлив, вреден, чесен, другар.

Драг мој Тале, прво, прости ми што седам. Од друга страна, Снешка ме потсети на тие илјадници минути што ги поминавме заедно токму седејќи. Поминаа доста години и дојдовме до моментот кога обично се набројуваат улоги, претстави, постигнувања и награди и остануваат само тие податоци. Но, има нешто друго. Некои од нас оставаат траги кои траат подолго од нас и затоа сметам дека имаше зошто. Со секое ново влегување на претстава и во студио ќе бидеме заедно, ќе се присетуваме, коментираме и ќе го продолжиме овој разговор што тукушто започна. Фала ти многу“, кажа Ристановски.

Звездана Ангеловска се обрати во името на целиот тим на МНТ.

Знаеше да ги препознаеш правдата, вистината и мудроста, да бидеш автентичен, свој, а модерен, посебен, деликатен, екстремно сензитивен, што е предиспозиција за повеќе од добар уметник. Знаеше да нè потсетуваш на малите и едноставни работи во животот и со една неподнослива леснотија да градиш нови мостови“, кажа Ангеловска.

Од МНТ истакнаа дека вечерашната изведба на новата претстава „Иванов“ ќе биде во чест на Ѓоргиев.

Не ја реализиравме само идејата за рок концерт. Ти на тапани, јас на гитара. Но, нека остане нешто и за таму горе“, рече театарскиот работник Нелко Нелковски.

Г. КОНЕВ

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПСЖ го отпушти Галтие

Следно

Прва седница на новиот турски Кабинет

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop