Се огласи мајката на Вања: Не можам да разберам зошто моето преубаво девојче е во гроб

December 7, 2023
1 min read

реклама


„Не можам да зборувам. Сè уште не знам зошто се случи ова. Сè уште го чекам епилогот од сето ова. Сè уште не ми е јасно зошто мојот најнормален живот се претвори во пекол“, вели Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска (14) која беше убиена кај скопското село Бразда за српска „Република“.

„Просто ми е несфатливо како и зошто моето прекрасно девојче сега е во гроб. Имам хронична болест, но се држам, важно ми е само да ја дознаам вистината, а другата ќерка моментално е болна, сите се надеваат дека ќе биде добро. Ве молам, премногу ве молам да почекаме додека не дознаеме зошто се случи ова“, вели Ѓорчевска.

реклама

Таа се уште не сака да даде изјава за поранешниот сопруг со кој тврди дека и сега, како и кога го пријавила киднапирањето на нејзината ќерка, биле во добри односи.

„Па јас велам дека ништо не знам. Сето ова ми е нереално. Но, веќе пет години сме разведени и не знам што правеше и со кого. Бевме во добри односи поради децата. Не се расправавме за старателството, за образованието, му дозволував да ги гледа кога сака или кога сакаат децата. Не знам и не ме интересираше неговиот живот. Мојот живот беа моите деца и мојата работа. Остана сам за да ме остави на мира. Секогаш кога разговаравме, зборувавме за деца. Ве молам, не ми поставувајте повеќе прашања бидејќи си поставувам многу прашања зошто се случи ова. И чекам да дознаам“, рече Зорица.

реклама

Таа понатаму наведува вели ништо да не ја прашуваат за нејзината друга ќерка бидејќи единствено и е важно да ја заштити.

„Ве молам не ме прашувајте за другото дете. Сега ми е најважно да ја заштитам“ – вели Зорица и вели дека има најголема можна доверба во полицијата.

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија: Ученичка пукала во училиште, па се самоубила

Следно

Лога: Денеска ќе биде пуштено барањето за екстрадација на Љупчо Палевски

Latest from Blog

Астон Вила „крена раце“ од Мартинез, ќе го купува Сузуки

фото: Le 12e Analyste @ResiliencePSG (X) Новинарот Екрем Конур денеска објави дека екипата на Астон Вила се подготвува за разделба со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез. Според Конур, англискиот клуб засилено работи

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“. Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Локалитетот Куклица се уште е под узурпација: Една жена не ги пушта туристите, се вративме сите и странци и наши

Иако помина еден месец откако јавноста беше информирана дека татко и ќерка од Кратово го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, проблемот се уште не е надминат, бидејќи

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува
Go toTop