ЕУ размислува да ги искористи запленетите руски средства за обнова на Украина

January 23, 2023
1 min read

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ги повикал лидерите на земјите членки на Европската Унија да продолжат со консултациите за тоа како може да се искористат овие средства

Европската Унија ја разгледува можноста за користење на замрзнатите средства на руската Централна Банка во износ од 300 милијарди долари за генерирање профит кој би се насочил за реконструкција на уништената инфраструктура во Украина.

„Фајненшл тајмс“ објави дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ги повикал лидерите на земјите членки на Европската Унија да продолжат со консултациите за тоа како може да се искористат овие средства.

„Ова е прашање на правда и правичност и мора да се реши во согласност со правните принципи“,

истакнал претседателот на Европскиот совет.

Според Мишел, имотот ќе ѝ биде вратен на руската држава доколку се потпише мировен договор.

Земјите членки на ЕУ минатиот ноември ги блокираа резервите на руската Централна Банка во износ од 300 милијарди евра како одговор на инвазијата на Москва на Украина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Скопје казнети над 110 возачи, 11 од нив возеле пијани

Следно

Се очекува ЕУ да воведе нови санкции против Иран поради задушување на протестите

Latest from Blog

Кога љубовта ќе заврши, милијардите остануваат НАЈСКАПИОТ РАЗВОД ДОСЕГА

По 27 години брак, Мелинда Гејтс, според достапните податоци, добила вкупна исплата од дури 76 милијарди долари по разводот од Бил Гејтс. Хуманитарната фондација на Мелинда Гејтс тивко примила огромна донација од

ЛШ: Ливерпул триумфално на „Велодром“, Јуве, Барса, Челзи и Барса „лапнаа“ по три бода

Англискиот шампион Ливерпул се враќа со голема победа од Франција, каде вечерва во претпоследното коло од Лигата на шампионите славеше со 3:0 над екипата на Олимпик Марсеј. Со головите на Собослаи (45′),

Коњановски: Сите улици во Битола се проодни – Сообраќајот се одвива непречено (ВИДЕО)

По снежните врнежи што ја зафатија Битола во текот на денешниот ден, сите улици во градот се целосно проодни, а сообраќајот се одвива непречено, информира градоначалникот Тони Коњановски преку социјалните мрежи. Во

Кој е ликот со прекар ПОКРОВИТЕЛ – ШЕФ НА БАЛКАНСКИОТ НАРКО КЛАН?

На Youtube каналот „Amazing Europe“ можете да видите листа од десет земји со најголемо присуство на мафијата и организираниот криминал. Иако Италија е генерално првата асоцијација со мафијата, истражувањата покажаа дека Турција
Go toTop