СДСМ ги повика граѓаните масовно да излезат на избори: Да не се дозволи повторно инсталација на режим од страна на ВМРО-ДПМНЕ

May 3, 2024
1 min read

Владејачката СДСМ денеска преку соопштение ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 мај и да гласаат за иднината на државата. Од партијата нагласуваат дека изборот е во рацете на граѓаните, дали ќе следи „уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина“.

„Потребен е силен СДСМ во Собранието, да не се дозволи повторно инсталација на режим од страна на ДПМНЕ и играње со иднината, стабилноста и безбедноста на државата. Доколку десничарска партија како ДПМНЕ добие преголема моќ, извесно е дека ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство. Тоа ќе значи враќање назад повеќе од 20 години“велат од СДСМ.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ердоган: „Туркије ја запира трговијата со Израел која изнесува 9,5 милијарди долари“

Следно

Климатизмот ја напушти науката и стана идеологија

Latest from Blog

(ВИДЕО) Општинскиот штаб на Прилеп ги активира мерките за превенција од пожари: Од 1 јули забрани и засилени контроли

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп започна со интензивни подготовки за претстојната сезона на пожари, со цел навремена превенција и ефикасно справување со евентуални пожари на отворен простор. Од Општината

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни
Go toTop