СДСМ денеска избира нов партиски претседател

April 6, 2025
1 min read

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска одржува редовни внатрепартиски избори за претседател на партијата. Единствен кандидат за оваа функција е актуелниот партиски лидер Венко Филипче.

Гласањето ќе се спроведе на 78 избирачки места во општинските организации на СДСМ ширум државата. Избирачките места ќе бидат отворени од 08:00 до 20:00 часот, а за спроведувањето на изборниот процес е задолжена Централната изборна комисија.

Од партијата информираат дека Комисијата веќе го потврдила и затворила Избирачкиот список, на кој се запишани 23.712 активно регистрирани членови. Обезбедени се сите потребни услови за непречено спроведување на изборниот процес, вклучително и избирачки материјал, паравани, кутии и ознаки.

Секој регистриран член ќе може да го оствари правото на непосредно и тајно гласање во својата општинска организација. За да може да гласа, секој член треба да поседува електронска членска картичка од СДСМ и важечки документ за идентификација (лична карта или пасош). За болните и немоќните лица, гласањето беше овозможено еден ден порано – во сабота, на 5 април 2025 година.

По завршувањето на гласањето, од СДСМ најавија дека резултатите ќе бидат соопштени во текот на денот.

Сите детали, правилници, роковници и документи поврзани со изборите се достапни на официјалната веб-страница на СДСМ.

Претходно, внатрепартиските избори беа закажани за 16 март, но беа одложени поради трагедијата во Кочани.

Венко Филипче беше избран за претседател на СДСМ во јуни минатата година на вонредните избори, откако Димитар Ковачевски поднесе оставка поради најлошиот историски резултат на партијата на претходните парламентарни и претседателски избори. Доколку повторно биде избран, Филипче ќе добие нов мандат од четири години.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Облачно и студено со врнежи од дожд и снег, засилен северен ветер

Следно

Билансот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 3.471

Latest from Blog

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“

Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди

Швајцарскиот селектор бесен на судијата: Ваквите одлуки му штетат на фудбалот

Швајцарската фудбалска репрезентација беше запрена во четвртфиналето на Светското првенство по драматичниот пораз од Аргентина со 3:1 по продолженијата. Сепак, натпреварот беше обележан со контроверзна судиска одлука, за која тренерот Мурат Јакин

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви
Go toTop