Билансот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 3.471

April 6, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Бројот на загинати од силниот земјотрес во Мјанмар се искачи на 3.471, додека тимовите за пребарување и спасување продолжуваат да пронаоѓаат уште тела, објавијa денес државните медиуми, пренесува Анадолу.

Во земјотресот со магнитуда од 7,7 степени што се случи на 28 март, повредени се 4.671 лице, а 214 се водат како исчезнати заклучно со вчера.

Околу 653 лица затрупани под урнатините на зградите беа спасени од локални и меѓународни спасувачки тимови, додека 682 тела беа извадени од урнатините.

Високиот претставник за хуманитарна помош на Обединетите нации (ОН), Том Флечер, кој се сретна со погодените во централниот град Мандалеј, лоциран во близина на епицентарот на земјотресот, ја опиша ситуацијата како „запрепастувачка“ и ја повика меѓународната заедница „да застане зад народот на Мјанмар“.

Хуманитарните организации стравуваат дека комбинацијата од обилни дождови и екстремна топлина може да предизвика појава на болести, вклучително и колера, за преживеаните кои кампуваат на отворено.

„Семејствата спијат до урнатините на своите домови додека телата на најблиските се извлекуваат од урнатините. Вистински страв од нови земјотреси“, напиша Флечер на X.

Во меѓувреме, железничката линија Јангон-Мандалај и Меѓународниот аеродром во Мандалеј се повторно отворени откако беа затворени поради штета предизвикана од земјотресот.

Потресите оштетија 60 насипи и 11 железнички мостови долж линијата Јангон-Мандалеј, како и изместување на пругите во одредени области.

Во соседен Тајланд, бројот на жртви од земјотресот се искачи на 24, а 77 лица се водат како исчезнати.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ денеска избира нов партиски претседател

Следно

Возел со 3,34 промили алкохол во Кавадарци

Latest from Blog

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“

Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди

Швајцарскиот селектор бесен на судијата: Ваквите одлуки му штетат на фудбалот

Швајцарската фудбалска репрезентација беше запрена во четвртфиналето на Светското првенство по драматичниот пораз од Аргентина со 3:1 по продолженијата. Сепак, натпреварот беше обележан со контроверзна судиска одлука, за која тренерот Мурат Јакин

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви
Go toTop