Санирана Спомен-чешмата со мозаици од Борко Лазески во славното охридско село Сливово

June 23, 2023
1 min read

Како дел од проектот за реконструкција на споменици и споменобележја од Народноослободителната борба, заврши и реконструкцијата на меморијалниот споменик Спомен-чешма со мозаички сцени во центарот на селото Сливово, Охридско, каде што на 11 ноември  1943 година е формирана Првата македонско-косовска бригада.

Спомен-чешмата во Сливово има двојно значење, и историско и уметничко, со оглед на тоа што има две мозаички сцени посветени на Илинден и на НОВ од 1941 година изработени од македонскиот современ сликар, мозаичар и изработувач на витражи, Борко Лазески.

Проектот го реализираше Заводот и музеј – Охрид, кој во изминатиот период регистрира над 40 меморијални споменици и спомен-обележја од НОБ на територијата на 23 села во Општина Дебрца.

По потпишувањето на Меморандумот за соработка со Општина Дебрца, стручните служби на Охридскиот музеј ја санираа Спомен-чешмата која е подигната во чест на овој значаен историски настан од НОБ, кој годинава одбележува јубилеј, 80 години од формирањето на Македонско-косовската бригада.

Екипа работници и стручни лица од Заводот и музеј – Охрид ги исчистија споменикот и околината и се пристапи кон целосно обновување на носечкиот камен ѕид со пополнување со нова цементна фуга и поставување нови покриви на двете страни. Беше санирана и опшивката на мозаикот и беше поправено коритото на чешмата. За овие активности Министерството за култура  издвои 100.000 денари.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Швајцарски фудбалски репрезентативец осуден поради закани

Следно

Џејмс Камерон: Им пишуваа дека ќе завршат како Титаник

Latest from Blog

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…
Go toTop