Само три лица во светот можат да патуваат БЕЗ ПАСОШ: Еве за кои станува збор, едно од нив ќе ве изненади

February 27, 2024
1 min read

Секој во светот има потреба од пасош за да влезе во друга земја. Од папата, кралицата Камила, до премиерите и шефовите на држави, секој треба да го носи кога ќе ја напушти земјата. Сепак, постојат три луѓе во светот кои можат да патуваат без пасош.

Тие се кралот на Обединетото Кралство, императорот на Јапонија и неговата сопруга. Оваа привилегија претходно ја уживала кралицата Елизабета, пред Чарлс да стане крал.

Кралот Чарлс III нема пасош. Кралицата Елизабета Втора, мајка на кралот Чарлс, исто така, никогаш го немала овој документ. Според нормите што ги следи владата, британскиот пасош се издава на име на монархот, затоа не е неопходно монархот да има таков.

Сепак, сите други членови на кралското семејство, вклучително и кралицата Камила и принцот Вилијам, мора да носат пасош секогаш кога патуваат. На кралот Чарлс не му е потребна ни дозвола за да вози во Велика Британија или во странство.

По доаѓањето на тронот, секретарот на кралот Чарлс ги информираше сите земји дека Чарлс сега е крал на Обединетото Кралство и треба да му биде дозволено да патува насекаде со целосна почит и без ограничувања.

Јапонскиот пасош е еден од најмоќните во светот, моментално на 6-то место на листата на најмоќни пасоши. Додека јапонските граѓани можат да посетат повеќе од 170 земји без виза, на јапонскиот монарх не му треба ниту пасош за да патува. Нарухито и неговата сопруга, царицата Масако, можат слободно да патуваат во странство без пасош.

Многумина се изненадени зошто сопругата на јапонскиот монарх е ослободена од оваа обврска.

Во официјален документ од 1971 година беше наведено дека би било крајно несоодветно да се издаде пасош за императорот или царицата. Во документот, исто така, се додава дека би било крајно несоодветно за царот да се подложи на процедури за имиграција или виза користејќи пасош како обичен граѓанин.

Царот и царицата се обврзани да приложат само документ од министерството по пристигнувањето во која било земја. Министерството за надворешни работи на Јапонија многу однапред ја информира земјата за нивната посета.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По Османи и Травари и Максим Димитриевски објави дека ги собрал потписите

Следно

Доаѓа 8.Март: Што да ѝ подарите според нејзиниот хороскопски знак?

Latest from Blog

Судијата згрозен: Му ја зголеми кауцијата на маж од Тексас кога дозна каков злостор направил кон бебе (ВИДЕО)

Судските документи покажуваат дека Брендон Лефлер, 46, е обвинет за кривично дело злоупотреба на деца во врска со инциденти што се случиле во септември 2024 година во Бомонт, Тексас. Лефлер бил уапсен

Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Денеска (26.07.2026) од страна на Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен е претрес на дом и други

Арсенал не жали пари: Винисиус на „Емирати“ ќе биде најголемиот трансфер во 21. век

ФОТО:facebook.com/RealMadrid/ Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, заработува 400.000 фунти неделно, а шампионите на Премиер лигата се подготвени да му понудат уште подобри услови. Лондончани се подготвени на сè за да ги

Кремљ го потврди она што отсекогаш било познато: „ПУТИН НИКОГАШ, АМА БАШ НИКОГАШ НЕ ГО ПРАВИ ТОА!“

Рускиот претседател Владимир Путин никогаш не користи обичен фиксен или мобилен телефон за комуникација со претставници на администрацијата, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, секретар за медиуми на Путин, во разговор со
Go toTop