По Османи и Травари и Максим Димитриевски објави дека ги собрал потписите

February 27, 2024
1 min read

Градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, соопшти вечерва дека собрал 10.000 потписи за кандидат за претседател.Тој и официјално влегува во трката за шеф на државата.

– Над 10.000 потписи за кандидат за претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа, напиша Димитриевски на својот профил на „Фејсбук.

Вечерва и Арбен Таравари објави дека во рекордно време, за само еден ден, ги собрал потребните 10 000 потписи. Тој вчера започна со собирање потписи. Денеска и кандидатот на ДУИ, Бујар Османи објави дека ги собрал потребните потписи со кои и официјално е кандидат за претседател на Македонија на претстојните избори закажани за 24 април годинава.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Демири: Ќе разговарам со семејството на Леонид Индов за можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација

Следно

Само три лица во светот можат да патуваат БЕЗ ПАСОШ: Еве за кои станува збор, едно од нив ќе ве изненади

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop