САД повторно ставија вето на резолуцијата на СБОН за прекин на огнот во Газа

November 20, 2024
2 mins read

​​​​​​​ХАМИЛТОН (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) со која се бара „итен, безусловен и траен“ прекин на огнот во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Со неа се бара и спречување на гладувањето на Палестинците.

Нацрт-резолуцијата, поднесена од 10 избрани члена на Советот – Алжир, Еквадор, Гвајана, Малта, Мозамбик, Јужна Кореја, Сиера Леоне, Словенија и Швајцарија – доби 14 гласа.

Со резолуцијата „се бара итниот, безусловен и постојан прекин на огнот да се почитува од сите страни“, истовремено повторувајќи го „барањето за итно и безусловно ослободување на сите заложници“ бидејќи го повика Советот за безбедност да ја исполни својата одговорност за одржување на меѓународниот мир и безбедност.

Во резолуцијата се нагласува растечката хуманитарна криза и се бара „итен пристап за цивилното население во Појасот Газа до основните услуги и хуманитарната помош што се неопходни за негов опстанок“.

Во нацрт-резолуцијата се отфрлаат „сите активности за изгладнување на Палестинците“ и се повикува на „олеснување на целосен, брз, безбеден и непречен влез на хуманитарна помош во Појасот Газа“.

Повикувајќи ги сите страни да се придржуваат кон меѓународното хуманитарно право, особено во однос на заштитата на цивилите и цивилната инфраструктура, во неа, исто така, се бара имплементација на Резолуцијата 2735 на Советот за безбедност, во која се вклучени одредби за заложниците, палестинските затвореници и повлекување на израелските сили од Газа.

Исто така, се бараат извештаи од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за нејзиното спроведување и сеопфатна процена на потребите за Газа за 90 дена.

Меѓутоа, американското вето го спречи донесувањето на мерките.

Пред очекуваното вето на САД, Каролин Родригес-Биркет, претставничка на Гвајана во ОН, рече дека „резолуцијата пред Советот е производ на неколкунеделни консултации меѓу сите членови на Советот“.

„Таа е поттикната од длабоката загриженост на Советот за катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа, вклучително и она што се случуваше во Северна Газа и потребата за итен одговор на таа ситуација“, рече таа.

– САД претходно ставија вето на три резолуции за Газа –

Заменик-претставникот на САД во ОН, Роберт Вуд, по гласањето рече: „Во текот на преговорите ние јасно ставивме до знаење дека не можеме да поддржиме безусловен прекин на огнот што не успева да ги ослободи заложниците“ и дека „трајниот крај на војната мора да дојде со ослободување на заложниците“.

„Едноставно кажано, оваа резолуција би пратила опасна порака до Хамас. Нема потреба да се враќаме на преговарачката маса“, додаде тој, обвинувајќи ја групата на палестинскиот отпор дека ги отфрла договорите за прекин на огнот.

САД претходно ставија вето на три нацрт-резолуции на Советот за безбедност со кои се повикуваше на итен прекин на огнот во Газа.

САД ставија вето на резолуциите во октомври 2023 година, декември 2023 година и во февруари, а беа воздржани во гласањето за другите нацрт-резолуции.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Таравари во Албанија, средба со претседателот Бегај, му честита за отворањето на преговорите со ЕУ

Следно

Министерот Јерликаја: Во 10 месеци од 2024 година во Туркије неутрализирани 722 терористи

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop