Министерот Јерликаја: Во 10 месеци од 2024 година во Туркије неутрализирани 722 терористи

November 20, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турските безбедносни сили спроведоа над 40.500 операции во Туркије и неутрализираа повеќе од 700 терористи на ПКК/КЏК во периодот јануари-октомври 2024 година, изјави денес турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, јавува Анадолу.

Јерликаја пред Комисијата за планирање и буџет на Големото народно собрание на Туркије рече: „Неутрализирани се 722 терористи во 40.521 операција што ја спроведовме во руралните и урбаните области.“

Јерликаја истакна дека од 1 јануари до 1 ноември биле спроведени 4.177 операции против терористичката организација ФЕТО, биле уапсени 935 лица, а 655 биле приведени во 1.205 операции против терористичката организација ДЕАШ.

„Во првите 10 месеци од оваа година спречени се 92 терористички напади, од кои 72 бомбашки“, нагласи Јерликаја.

Оваа година досега се неутрализирани триесет и пет високи терористи, додаде турскиот министер.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, деца, жени и постари лица. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

Терористичката организација ФЕТО стои зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на свои приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

САД повторно ставија вето на резолуцијата на СБОН за прекин на огнот во Газа

Следно

„Отровен воздух“

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop