САД извршија напади врз Иран, Техеран се заканува со одмазда

May 26, 2026
1 min read

 Официјален Вашингтон тврди дека станува збор за самоодбрана, а во нападите биле погодени ракетни позиции како и бродови кои наводно биле наменети за поставување на мини во Ормускиот теснец. Нападите доаѓаат во екот на мировните преговори во Катар, сепак и покрај тоа американскиот државен секретар Марко Рубио оцени дека договор се уште е можен, но додаде клучно за тоа е  теснецот да биде отворен за сите.

-Теснецот мора да биде отворен, тој ќе биде отворен на еден или на друг начин. Треба да биде отворен и тоа што се случува таму е незаконско, не е одржливо за светот. Не е прифатливо. Не знам за било која земја во светот која го прави ова. Русите не поддржуваат систем на патарини, кинезите не се за систем на патарини и нема земја во светот која поддржува систем на патарини, освен режимот во Иран– Марко Рубио – Државен секретар на САД.

Иранските власти пак, тврдат дека нападите резултирале со голем број на цивилни жртви, а Ајатолхаот Моџтаба Хамнеи преку пишано соопштение порача дека регионот нема да се врати на стариот начин на живот. Официјален Техеран предупреди и дека секоја нова агресија врз нив, ќе биде дочекана со одговор кој би можел да се прошири и надвор од регионот.

-Дозволете ми да ви кажам дека може да се повелечеме од договорот за непроширување на нуклеарно оружје. Дали знаете што значи тоа? Дали знаете што ќе се случи ако се повлечеме од договорот? Затоа одвратете се од овој пат. Не само Ормускиот теснец, туку и Персискиот залив, но и во Црвеното море, Баб Ел-Мандеб, и во Индискиот океан, ќе се прошири војната од која што вие самите први ќе побегнете,- – Мохсен Разеи – Генерал во републиканската гарда на Иран.

Американскиот претседател Трамп за време на викендот оцени дека страните се блиску до договор, но подоцна кажа дека им дал насоки на преговарачите во Катар да не брзаат. Меморандумот за разбирање кој се дискутира меѓу двете страни, наводно вклучува 60-дневно продолжување на прекинот на огнот, повторно отворање на теснецот и преговори за нуклеарната програма на Иран. Од воените гробишта во Арлингтон, Трамп откри и дека во досегашната операција САД загубиле 13 војници.

-Во операцијата „Епски бес“ загубивме 13 прекрасни души, прекрасни, посебни луѓе. Овие неверојатни мажи и жени ги дадоа своите животи да се осигураме дека светскиот извозник на терор поддржан од државата, никогаш нема да има нуклеарно оружје,- – Доналд Трамп – Претседател на САД.

 Последниот развој на ситуацијата повторно ја крена цената на нафтата Брент за два проценти. Според некои проценки од почетокот на војната, светските компаниите до сега имаат претрпено загуби од најмалку 25 милијарди долари.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од 15 јуни на лентите означени со MTAG на патарините нема да може да се користи MCard

Следно

Гана дефинитивно без Мохамед Кудус на Мундијалот

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop