САД имаат 7,5 милијарди долари за полначи за електрични возила и 0 полначи

1 min read

Сојузните држави и индустријата се вадат на „лавиринтот од нови услови за договори и перформанси“ што треба да ги исполнат за да добијат федерални пари, а во исто време само половина од сојузните држави воопшто имаат објавено тендер за изградба на полначите и покрај тоа што до сега им се одобрени 2 милијарди долари.

Процените се дека на САД до 2030 ќе им требаат најмалку шест пати повеќе полначи отколку што имаат денес. Моментално САД располагаат со околу 180.000 полначи, а со парите од Конгресот треба да се постават уште 500.000.

Околу 5 милијарди од парите ќе бидат за поставување полначи на интерстејт сообраќајната мрежа на автопати. Програмата, меѓу другото, предвидува дека на главните патишта ќе смее да има максимум 80 километри оддалеченост меѓу две точки на полнење, и тие ќе треба да бидат функционални во 97% од времето.

Во исто време мрежата на полначи што беше одобрена е клучна за агендата на Бајден до крајот на деценијава половина од сите возила во САД да бидат електрични. Во американските анкети речиси редовно недостатокот на полначи е главна причина зошто Американците одбиваат да купат електрично возило.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

„Демнејќи го Годо“ го напишав во време кога во Европа паѓаа последните диктатури, вели Словенецот Драго Јанчар по чиј текст се подготвува премиерата во Театар Комедија

Следно

Израел: Војната во Газа ќе заврши кога ќе се предаде Хамас

Latest from Blog

Најмногу дожд во Берово

Изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Берово, 14 литри на метар квадратен, а најмалку во Крива