Израел: Војната во Газа ќе заврши кога ќе се предаде Хамас

December 7, 2023
1 min read

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Војната на Израел во Појасот Газа ќе заврши со предавање на лидерите на Хамас и враќање на заложниците, изјави денес портпаролот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавува Анадолу.

„Војната во Газа може да заврши под услов лидерите на Хамас да ѝ се предадат на израелската армија и под услов заробениците да бидат вратени“, изјави за новинарите портпаролот Офир Генделман.

Тој рече дека армиските сили напредуваат во јужниот дел на Појасот Газа.

„Нашите сили ја опколија куќата на [лидерот на Хамас во Газа] Јахја Синвар [во Хан Јунис] и мисијата на нашите сили е да го уапсат колку што е можно поскоро“, додаде тој.

Генделман го отфрли повикот на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, за прекин на огнот во Газа.

„Овој повик за прекин на огнот сега е еднаков на повик да се задржи Хамас на власт во Газа. Ние категорично го отфрламе“, додаде тој.

Израел ја продолжи својата воена офанзива во Појасот Газа на 1 декември, кога заврши еднонеделната хуманитарна пауза со Хамас.

Според најновите информации на палестинското Министерство за здравство најмалку 17.177 Палестинци загинале, а над 46.000 се повредени во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата од 7 октомври по прекуграничниот напад на Хамас.

Бројот на загинати во нападот на Хамас во Израел изнесува 1.200, а 138 заложници сè уште се држат од палестинската група во Газа, според официјалните информации.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД имаат 7,5 милијарди долари за полначи за електрични возила и 0 полначи

Следно

ОЈО отвори истражна постапка и побара притвор за возачот на Палевски

Latest from Blog

Бетис како гостин го “реши“ Виљареал

ФОТО:.facebook.com/realbetisbalompie Бетис го победи Виљареал со 2:1 на гостински терен во последниот натпревар од петтото коло на Ла Лига. Бетис победи по пресврт, со головите на Ернандез и Натан, додека Жерар Морено

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop