САД и Кина ги завршија дводневните разговори за воена соработка

January 10, 2024
1 min read

Соединетите Американски Држави и Кина денеска ги завршија дводневните разговори во Вашингтон за обновување на воените врски, соопшти Пентагон.

На седумнаесеттата рунда разговори присуствуваа Мајкл Чејс, помошник министер за одбрана за Кина, Тајван и Монголија и кинескиот генерал-мајор Сонг Јанчао, заменик директор на Канцеларијата на Централната воена комисија на Кина за меѓународна воена соработка, се вели во соопштението.

„Двете страни разговараа за одбранбените односи меѓу САД и Кина, а Чејс ја истакна важноста од одржување отворени линии на воена комуникација со цел да се спречи претворање на конкуренцијата во конфликт“, додаде Пентагон.

Највисокиот американски воен офицер, генералот Чарлс К. Браун, претседател на Здружениот генералштаб на САД, минатиот месец одржа виртуелен состанок со неговиот кинески колега, генерал Лиу Женли.

„Кина е подготвена да развие здрави и стабилни воени односи со САД „на основа на еднаквост и почит“, соопшти кинеското Министерство за одбрана по тој повод.

Тогаш од САД беше побарано да го намалат военото распоредување и „провокативните акции“ во Јужното Кинеско Море, како и да не ги поддржуваат таквите акции од „одредени земји“.

Американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг на крајот на минатата година се согласија да ги обноват воените врски, кои Пекинг ги прекина во август 2022 година, по посетата на тогашната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван.

Односите меѓу Вашингтон и Пекинг остануваат затегнати поради прашањето на Тајван, а Кина посочи дека САД треба да се придржуваат до политиката на една Кина.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СБ на ОН ќе гласа за американската резолуција за осуда на нападите на Хутите во Црвеното Море

Следно

На Попова Шапка утрово -13 степени

Latest from Blog

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните
Go toTop