САД го предупредија Израел дека воена операција во Рафа може да биде катастрофална

February 9, 2024
1 min read

САД вечерва го предупредија Израел дека копнена офанзива во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, без соодветно планирање, ризикува да се претвори во „катастрофа“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека им наредил на војниците „да се подготват да дејствуваат“ во Рафа и оти воздушните напади веќе се интензивирани, пренесува Бета.

Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател рече дека Вашингтон „допрва треба да види докази за сериозно планирање за таква операција“.

– Да се спроведе таква операција сега, без планирање и премалку размислување, во област каде што се засолниле милион луѓе би било катастрофа, рече портпаролот.

Египетските власти, исто така, предупредија на опасноста од операцијата во Рафа, на нивната граница, и се особено загрижени дека голем број жители на Газа може да бидат раселени во нивната земја.

– Нема сомнеж дека таргетирањето на оваа област на Појасот, која е полна со цивили, е опасно, изјави портпаролот на египетското Министерство за надворешни работи Ахмед Абу Зеид.

Израелскиот премиер рече дека фокусот на копнената офанзива на Израел наскоро ќе се префрли на Рафа.

– Нашите војници сега се во Кан Јунис, главното упориште на Хамас. Тие наскоро ќе одат во Рафа, последниот бастион на Хамас, рече вчера Нетанјаху.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Членови на семејства на функционери во бизнисот со струја и иноватори

Следно

Таравари доби поддршка од 75 членови од собранието на Алијанса за Албанците

Latest from Blog

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за
Go toTop