Русија тврди дека американското беспилотно летало паднало поради остар маневар, борбените авиони не стапиле во контакт со него

March 14, 2023
1 min read

Русија тврди дека дронот се урнал поради остри маневрирања што довело до губење на висината и уривање на „MQ-9“ во вода

Руски борбен авион не користел воздушно оружје ниту стапил во контакт со дрон на американските воздухопловни сили „MQ-9 рипер“ над Црното Море, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

„Како резултат на остро маневрирање околу 9:30 часот по московско време, беспилотното летало MQ-9 започна неконтролирано летање со губење на висината и се судри со површината на водата. Руските ловци не користеа оружје, не стапија во контакт со дронот и безбедно се вратија во својата домашна база“,

се наведува во соопштението на руското Министерство.

Во соопштението се наведува дека американското летало ги нарушило границите на подрачјето на режимот за користење на воздушниот простор над Црното Море, поради што биле испратени руски борбени авиони да го пресретнат.

„На 14 март 2023 година наутро, руските системи за контрола на воздушниот простор открија американско беспилотно летало ‘MQ-9’ кое лета над Црното Море во правец на државната граница на Руската Федерација. Дронот леташе со исклучени транспондери, прекршувајќи ги границите на привремениот режим на воздушен простор воспоставен за специјалната воена операција, доставен до сите корисници на меѓународниот воздушен простор и објавен во согласност со меѓународните стандарди“,

соопшти руското Министерството.

Американското воено воздухопловство соопшти дека руски борбен авион соборил беспилотно летало на американското воено воздухопловство над Црното Море, откако го оштетил пропелерот на дронот. Белата куќа ги нарекува постапките на Москва „небезбедни, непрофесионални и непромислени“.

Американските власти соопштија дека дронот летал над меѓународниот воздушен простор во моментот на инцидентот.

„Овој инцидент покажува недостаток на компетентност, покрај тоа што е небезбеден и непрофесионален“,

додаде американската команда.

По инцидентот Стејт департментот соопшти дека САД го повикале на разговор рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов.

Белата куќа објави дека САД ќе ги продолжат операциите над Црното Море и нема да бидат спречени од руското пресретнување на беспилотно летало во меѓународниот воздушен простор.

Инцидентот доаѓа во време на зголемени руско-американски тензии поради војната во Украина, која Русија ја започна на 24 февруари 2023 година.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Студентски отпор најавува секојдневни блокади на цело Скопје: МОН ги принудува студентите повторно со протести да си ги бараат правата

Следно

Сирискиот претседател Асад пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин

Latest from Blog

Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани

На 03.07.2025 во 00.25 часот полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, по добиена судска наредба од Основен кривичен суд- Скопје, извршиле претрес во

Македонец загина, а друг е тешко повреден во превртен автомобил на автопатот Нови Сад – Суботица

Едно лице го загуби животот, а друго е со тешки телесни повреди во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во раните утрински часови на делницата помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата

ВИДЕО: Аплаузи и многу емоции, телата на Диого Жота и Андре Силва доцна синоќа пречекани во родниот Гондомар

Тишината низ улиците на Гондомар, родниот град на браќата Диого Жота и Андре Силва, синоќа во 23:30 часот беше прекината во моментот кога се слушнаа полициските сирени. Насобраните луѓе, обожаватели и почитувачи
Go toTop