Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани

July 4, 2025
1 min read

На 03.07.2025 во 00.25 часот полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, по добиена судска наредба од Основен кривичен суд- Скопје, извршиле претрес во дом и помошни простории на полицискиот службеник од СВР Тетово И.А.(53) во с. Шемшево, тетовско, а во врска со кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 од КЗ, односно околу пријавувањето и одјавувањето на странци кои престојуваат во државата. При претресот се пронајдени 27 празни картони за пријавување на странски државјани со печат од МВР, еден куршум, записници за сторен прекршок, платни налози, како и лични документи од странски државјани. По документирање на случајот, против полицискиот службеник ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Македонец загина, а друг е тешко повреден во превртен автомобил на автопатот Нови Сад – Суботица

Следно

УНРВА предупредува на зголемен глад во Газа, бара итен пристап

Latest from Blog

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕШТО ПООПАСНО? Силни потреси во три различни делови од светот

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи загриженост и прашања дали овие настани се меѓусебно поврзани, пишува CNN. Во Јапонија беше регистриран земјотрес

Бугарското МНР негира дека дистрибуирало дипломатска нота во врска со посетата на семејството на Мицкоски

Бугарското Министерство за надворешни работи негираше дека дистрибуирало дипломатска нота поврзана со посетата на Бугарија на семејството на премиерот, Христијан Мицкоски, објавија бугарските медиуми. „Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота
Go toTop