РУШЕВИНИ НАМЕСТО НАСЕЛБИ: Повеќе од 50.000 згради уништени или тешко оштетени во разорните земјотреси во Турција

February 15, 2023
1 min read

Турските власти денеска соопштија дека вкупно 50.576 згради биле урнати или сериозно оштетени по двата разорни земјотреса минатата недела, јави ДПА.

Во извештајот на турското Министерство за урбанизам се наведува дека сите тие опасни градби мора итно да се отстранат.

Досега, властите проверија над 387.000 згради во десетте погодени окрузи во југоисточна Турција. Најмногу објекти што треба итно да се урнат има во градот Газиантеп – речиси 12 илјади. Следува Хатај со 10.911 и Кахраманмараш со 10.777.

Двата разорни земјотреса на 6 февруари беа проследени со 3.858 последователни потреси со интензитет поголем од 5 степени според Рихтеровата скала, соопшти турската цивилна одбрана. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕУ го воведува десеттиот пакет санкции против Русија

Следно

Милошоски: И министерството за здравство личи на „Пазар 3“, за 2 години се менуваат тројца министри

Latest from Blog

Цело Валандово и неколку села во петок ќе останат без струја

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во петок (02.05.2025г. од 06:00 до 07:30 часот) екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и

КАКО ШТО ДЕНЕС ЈА ПРЕТСТАВУВАМ ПАРИСКАТА ОПЕРА, ТАКА САКАМ И МАКЕДОНИЈА ДА ЈА ПРЕТСТАВАМ ТАМУ, РЕЧЕ БАЛЕРИНАТА РОКСАН СТОЈАНОВ НА ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

Многу сум среќна што ја добивам оваа награда во Скопје, точно каде што ги направив моите први танцувачки чекори. Исто така, во Скопје настапив за првпат на сцена во улогата на Ѕвончица

Камбовски: Финансиската зависност ја уништува судската независност, да се промени начинот на кој се прават реформите

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, предупреди дека без реална финансиска автономија, судството не може да биде вистински независно. Според него, сегашниот модел на реформирање е неефикасен, а суштински промени може да
Go toTop