КАКО ШТО ДЕНЕС ЈА ПРЕТСТАВУВАМ ПАРИСКАТА ОПЕРА, ТАКА САКАМ И МАКЕДОНИЈА ДА ЈА ПРЕТСТАВАМ ТАМУ, РЕЧЕ БАЛЕРИНАТА РОКСАН СТОЈАНОВ НА ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

April 30, 2025
1 min read

Многу сум среќна што ја добивам оваа награда во Скопје, точно каде што ги направив моите први танцувачки чекори. Исто така, во Скопје настапив за првпат на сцена во улогата на Ѕвончица во „Петар Пан“, рече француската балерина со македонско потекло Роксан Стојанов, на синоќешното свечено отворање на 21. издание на Танц фест Скопје.

Стојанов, која лани во декември беше прогласена за Ѕвезда на Париската Опера, е годинашна добитничка на наградата „Менада“ за врвни достигнувања во танцовата уметност за 2025.

(Фото: Д. Перковски)

„Имам две националности, две култури. Иако сум почнала прво на француски, со македонски јазик почнав да пишувам на кирилица. Но, вистина е дека ги поминав последните години во Франција и затоа не зборувам македонски секој ден. Се надевам дека ќе ме разберете со љубов, ако не сум сигурна во моите зборови. Тоа што е сигурно за танцување не треба зборови. Тоа е универзален јазик што секој го разбира и што не знае граници. Ова признание за мене е огромна чест. Многу сум трогната и му благодарам на Танц фест, на Рисима Рисимкин и Матеја Мијановиќ. Во овој момент имам посебна мисла за Ема и за Ирена, благодарение на кои почнав да танцувам. Моите мисли одат исто за мојата фамилија, моите пријатели што ме поддржаа во оваа страст. Патот е долг, тежок, често тежок, треба многу жртви и многу работа секој ден. Но, кога сум на сцената, се чувствувам слободно, сѐ добива смисла и заборавам на сите тешкотии што ги имав да ги поминам. Можам да раскажам приказни и да ја носам публиката со мене. Тоа е вистинска среќа за мене што можам да бидам мост помеѓу двете култури и двете земји и како што денес  денес ја претставувам Париската Опера тука во Македонија, сакам исто така да ја претставам Македонија на Париската Опера.  Се надевам дека еден ден ќе можам да ја искажам мојата благодарност танцувајќи во Македонија“, рече Стојанов на македонски јазик,  синоќа во полната сала на МНТ.

Сцена од „Идентитети“. (Фото: Д. Перковски)

По краткиот перформанс на Универзитетската компанија за танц од Санта Барбара, Калифорнија, премиерно се изведе премиерата на „Идентитети – будење“, третото и последно дело од трилогијата „Идентитети“, со што се одбележа 45-годишниот јубилеј на уметничката кариера и творештво на кореографката Рисима Рисимкин, која го основаше Танц фест. Во февруари Рисимкин беше одликувана со престижното француско признание Витез од Редот на уметностите и книжевноста на Франција за нејзиниот значаен придонес во развојот на современиот танц и културата.

Фестивалот ќе биде затворен на 13 мај со интерактивната кореографска претстава „Мајселфс“ на Кеј-данс (K-Dance) од Франција, пионери во спојувањето на современ танц и дигитална уметност.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Камбовски: Финансиската зависност ја уништува судската независност, да се промени начинот на кој се прават реформите

Следно

Цело Валандово и неколку села во петок ќе останат без струја

Latest from Blog

ЕБОР: Индустриските политики се почесто се користат и во економиите со помал административен и фискален капацитет

Индустриските политики бележат оживување и нивната растечка популарност е примарно обликувана од домашните политичко-економски услови и од растечките геополитички тензии. Иако овие политики обично се применуваат во економиите во повисоки приходи, се

Талевски во 24 анализа: ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа Законот за поддршка на семејствата од Кочани и си го покажаа вистинското лице

Пратеникот од СДСМ, Миле Талевски во 24 анализа рече дека, со тоа што ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа Законот за поддршка на семејствата на жртвите и повредените во трагедијата во Кочани си го

НА ЦРНИОТ ПАЗАР ВО КАН БИЛЕТИТЕ ЗА ПРЕМИЕРИТЕ СО ЦРВЕН КИЛИМ И ЗАБАВИТЕ СЕ ПРОДАВААТ ЗА 6.000 ДОЛАРИ

Црниот пазар за забавите и свечените премиери на Канскиот филмскИ фестивал е жив и здрав, според листата што ја виде филмското списание „Скриндејли“. Една од најскапите понуди е пар билети за премиерата
Go toTop