РУМЕНА БУЖАРОВСКА ВО АРГЕНТИНА ГО ПРЕТСТАВИ ШПАНСКОТО ИЗДАНИЕ НА КНИГАТА „МОЈОТ МАЖ“

February 2, 2024
1 min read

Шпанското издание на збирката раскази „Мојот маж“ на Румена Бужаровска, на 31 јануари беше претставено во Буенос Аирес, Аргентина. Книгата во Аргентина ја објави шпанската издавачка куќа „Импедимента“, во превод на Красимир Тасев.

Промоцијата, како што велат од нејзиниот македонски издавач „Три“, се одржа во книжарницата „Даин Усина културал“ пред голем број публика.

Со Бужаровска разговарала новинарката, авторка и професорка Инде Помераниец, која во 2015 беше една од организаторките на аргентинското феминистичко движење #NiUnaMenos против фемицидот и насилството врз жените.

Деновиве „Мојот маж“ се објави и на полски јазик, во издание на „Биуро литерацкие“ и во превод на Јованка Дорота Ќириќ.

Според истоимената збирка раскази на Бужаровска атинскиот театар „Тисион“ постави претстава во режија на грчката режисерка Марија Маганари. Премиерата беше на 26 јануари, а како што објави МИА, претставата била распродадена и постигнала голем успех. По премиерата имало дискусија со режисерката, авторката на книгата, преведувачката, како и актерките.

Збирката „Мојот маж“ досега е преведена на четиринаесет јазици и е поставена како театарска претстава во шест земји. Неодамна, издавачката куќа „Три“ го објави десеттото издание на книгата.

Б. НЕСТОРОСКА

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најава за штрајк во ФЗО, од понеделник ќе се работат само неопходните предмети

Следно

Премиер лига: Потрошувачката во јануарскиот преоден рок за 88 отсто помала од лани

Latest from Blog

Ребаланс на Буџетот: По 2 милиони денари за жените земјоделки и жртвите на семејно насилство

Јули 2026, Скопје – Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и уште 2 милиони за финансирање национална СОС линија за

Колумбија стравува од нов случај Ескобар: Смртни закани за Кампаз кој промаши златна шанса за четвртфинале

Колумбиската фудбалска федерација ги осуди смртните закани упатени кон играчот од средниот ред, Хаминтон Кампаз и неговото семејство, по елиминацијата на Колумбија од Светското првенство во 2026 година. Колумбија беше елиминирана во

Авион се урна на Бахамите: Нема преживеани (ВИДЕО)

Цесна 402, управувана од локалната авиокомпанија Фламинго Ер, полета од меѓународниот аеродром Линден Пиндлинг во главниот град Насау во петокот кон аеродромот Сан Андрос. Авионот наишол на тешкотии за време на летот

Само тие што плаќаат чланарина во приватен клуб да може да пушат цигари – поднесен амандман за Законот за пушење

Поднесен е амандман на Законот за заштита од пушењето кој се наоѓа во собраниска процедура, со кој се бара пушењето цигари да биде дозволено само во „приватни клубови“. Министерот за здравство во

Коњановски: Директниот контакт со граѓаните е клучен за подобри социјални услуги

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека присуствувал на настанот „Мобилни социјални пунктови“, организиран од Советот за социјална заштита на Општина Битола во соработка со здруженија на граѓани од градот. Според
Go toTop