Родовата идеологија е најгрдата опасност на нашето доба

March 4, 2024
1 min read

На средбата во Ватикан, аргентинскиот понтиф ја осудува родовата идеологија заради бришењето на разликите и правење сè да биде исто порачувајќи „бришењето на разликите е бришење на човековото.“

Во говорот, кој во име на Папата го прочита неговиот асистент, се спори можноста дека некој е „згрешен“ во создавањето па подоцна треба да преправа нешто.

„Нашето постоење во светот не е едноставно оставено на можноста, туку ние сме дел од производ на љубов и сме повикани да излеземе од самите себе и да го сфатиме тоа, за себе си и другите,“ се порачува во говорот.

Тој порачува дека „животот на човековото суштество е позив“ кој има релациски карактер:

„Јас постојам и живеам во релација со оној кој ме создал, со реалноста која ме надминува, кон други и кон светот околу мене, во кој јас сум повикан да прифатам конкретна и персонална мисија со радост и одговорност.“

Пораката на Франциск е дека не само што на секој од нас му е доделена мисија во животот, туку „секој од нас е мисија“.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мирен протест на синдикатите на пет јавни универзитети поради непотпишување на колективните договори

Следно

ФОТО: Жената по која полудеа милиони луѓе е СЛОБОДНА: Ивана Кнол со трогателен пост жали по своето момче

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop