РКЕ ги почнува анализите за цената на струјата, според барањата на компаниите, зголемувањето би било за 27 проценти

December 12, 2023
1 min read

реклама


Согласно добиените барања од компаниите, зголемувањето на цената на струјата би било за 27 проценти, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. 

Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски на прес-конференција рече дека почнуваат анализите за цената на струјата и дека до крајот на следната недела се очекува да се донесат цените за МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција.

реклама

– Ќе бидеме максимално транспарентни и нема да дозволиме граѓаните да почувствуваат ценовен шок, рече Бислимовски.

Во однос на воведувањето на пристап до мрежа, претседателот на РКЕ потенцираше дека тоа нема да биде нов трошок за потрошувачите и дека се ќе биде во рамки на одобрениот приход на компаниите.

реклама

– Никој нема да заработува пари од она што како цена ќе го определи РКЕ. Надоместокот ќе значи намалување на цената на мрежарината, нагласи Бислимовски, апелирајќи да не се подлегнува на шпекулации. 

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије неутрализираше петмина терористи на ПКК во Северен Ирак

Следно

Ковачевски: Транспарентноста е одлика на демократски влади, сите институции да го следат примерот на Владата

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа
Go toTop