Работниците протестираа за повисоки плати и почитување на нивните права

May 1, 2024
3 mins read

Симболично, пред Работничкиот дом, објектот кој со последната одлука на Врховниот суд треба да им биде одземен на работниците, Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) го почна традиционалниот првомајскиот протест, по повод Меѓународниот ден на трудот.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека работниците му даваат црвен картон на судот, поради „направените обиди за притисок врз синдикатите“. Додаде дека и покрај тоа, сработниците се сè посилни и обединети во борбата за достоинствен живот и почитување на нивните права.

„Судот дозволи функционерска чизма на вратот на работниците за да молчат, да бидат понизни, тоа што го направија денеска го гледаме на дело. Но, ние синдикатите, ние работниците, ние граѓаните, пензионерите сме сите тука денеска, за да покажеме дека колку повеќе не напаѓаат, толку посилни не прават и колку повеќе се обидуваат да ги уништат синдикатите, ние стануваме уште посилни“, рече Трендафилов.

Првомајски протест на работниците, Скопје, 1.5.2024

Првомајски протест на работниците, Скопје, 1.5.2024

Работниците потоа се упатија кон Собранието. Со музика, транспаренти, свирежи, организирани преку своите синдикати, тие ги претставија главните барања: минимална плата од 450 евра за сите работници и враќање на трошоците за храна и превоз.

„Мораме сериозно да ја сфатиме работата и сериозно уште од почетокот кој и да седи во ова Собрание, постојано да продолжиме со притисокот, затоа што ние заслужуваме и ние мораме да добиеме превоз, храна и почитување на колективните договори. Зарем работникот не заслужува да му биде платен превозот како на господата што седат зад нас, па зарем само нивните автомобили трошат горива? Не им попуштаме, затоа што ако се откажеме ќе ја изгубиме битката, а ако продолжиме, не може никој да го сопре работникот“, порача од пред Собранието, Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат на образование и наука (НСОН).

Пешевски: Газдите да ги почитуваат колективните договори

Здружени во своите барања беа и вработените во културните институции кои исто така излегоа на улица, како и вработените во јавното претпријатие Водовод, Македонски пошти, но и работници од други државни и приватни компании.

Синдикалците скандираа и пред седиштето на Стопанската комора, од каде упатија и „поздрав“ до своите работодавци.

„Од срце ве замолувам да им свртиме грб на газдите зад нас што уживаат по Турција, Грција и така натаму. Да знаат дека без нас не можат, да знаат дека оваа држава и овие компании се изградени од работничка крв и пот. Да знаат дека ни го украдоа правото на пауза на дневен, неделен и месечен одмор, да знаат дека не се живее со 22 500 денари и да знаат дека треба да ги почитуваат колективните договори што ги потпишале“, порача Иван Пешевски од ССМ, претседател на синдикатот за градежништво и индустрија.

Првомајски протест на работниците, Скопје, 1.5.2024

Првомајски протест на работниците, Скопје, 1.5.2024

Барањата за повисоки плати, подобри услови за работниците, но и пораки до новата влада по изборите на 8 мај да не заборави на нив, синдикалците ги испратија и од пред Владата на Северна Македонија.

„Кој и да седне во оваа Влада по 8 мај ќе дојде овде со 78 проценти повисока плата. Во минатата, но и оваа година, колку пати бевме овде присутни, а колку барања останаа неиспорачани. Сакам само да им порачам на оние што сега ќе дојдат во Влада, да не им текнало да го допрат колективниот договор, затоа што со тој договор вработените во јавниот сектор конечно ќе добијат просечна плата, а не минимална како сега. Да не им текне да ги пипкаат правата на работниците, без разлика дали е приватен или државен сектор, бидејќи само вака сложни, излезени на улици ќе се одбраниме и ќе го добиеме она што ни следува“, порача Трпе Деановски, претседател на УПОЗ.

Првомајскиот протест пак доаѓа во очи вториот круг претседателски и парламентарни избори кои во Северна Македонија ќе се одржат на 8 мај, а по кои ќе се формира и нова Влада.

Токму во пресрет на денешниот протест, но и во еден меѓуизборен период синдикалците повеќепати излегоа на улица – протестираа вработените во „Национални шуми“, Водостопанство, Фондот за здравствено осигурување, а со протести и штрајк се заканија и вработените во Пошти.

Сите пораки кои беа испратени, синдикалците ги повторија и денеска со апел до идната Влада да го почитува правото на работникот.

Единаесет грански синдикати на КСС не го поддржаа протестот

Сепак, и покрај големата поддршка и здруженоста на синдикалните организации на првомајскиот протест во организација на ССМ, претседателот на Конфедерација на слободни синдикати (КСС), Благоја Рапловски, соопшти дека 11 грански синдикати кои влегуваат под КСС нема да се појават на маршот.

„Добро е што конечно им текна дека треба да излегуваат на улиците и да си ги бараат соите права. Но, мислам дека во иднина, ако имаме коректни односи меѓу двете синдикални организации, дека можеме заедно да излеземе на улиците и да си ги бараме своите права“, изјави Ралповски.

Тој додаде дека членови на Самостојниот синдикат на образование и култура (СОНК), Синдикат на администрација, државна управа и правосудство, синдикат за транспорт и врски и членови на уште неколку синдикати во нивен состав, денеска не протестираат.

„Ние денеска нема пред кого да протестираме. Имаме техничка Влада, ќе имаме нова влада во текот на следниот месец. Бараме од сите тие што претендираат да бидат носители на таа влада, да дојдат и да ги презентираат нивните програми пред нас“, истакна Ралповски.

КСС и ССМ веќе подолг период дејствуваат одвоено, а иако и двете организации се борат за подобри работнички права, сепак тие не одржуваат заеднички протести.

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада, побараа синдикалците

Следно

Блинкен го повика Хамас да прифати „многу силен предлог“ за прекин на огнот во Газа

Latest from Blog

Хаџи Јанев: Девастација на целиот систем 30 години, сите доајени на политикава се однесувале несоодветно

Во однос на состојбата во скривниците и нивното одржување, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 проговори и проф. Методи Хаџи Јанев. Тој вели дека има девастација на целиот сектор речиси

Славјето на Денот на албанското знаме на скопските улици заврши со засилено полициско присуство

Со колони возила со развиорени знамиња на Албанија вечерва низ скопските улици се славеше Денот на албанското знаме.  Во центарот на градот забележително беше засилено полициско присуство. Денот на албанското знаме денеска

Е.Пелистер поразен од Веспрем

Ракометарите на Е. Пелистер го доживеаја и шестиот пораз во деветтиот натпревар од Лигата на шампионите, овој пат со 33-26 (20-11) на гостувањето против унгарски Веспрем. Уште по првото полувреме беше јасно

Ирански генерал загина во судирите меѓу режимот на Асад и антирежимските групи во Алепо и Идлиб

Бригадниот генерал Кејумерс Пурхашими, еден од командантите на Армијата на иранската револуционерна гарда, загинал во нападот што го изврши сириската опозиција на западниот дел на Алепо, известува Анадолу. Според веста на иранската

Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на Собранието на Црна Гора

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ. На средбата беше изразено задоволство од
Go toTop