Блинкен го повика Хамас да прифати „многу силен предлог“ за прекин на огнот во Газа

May 1, 2024
1 min read

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес го повика Хамас да го прифати предлогот за договор за прекин на огнот со Израел, јавува Анадолу.

Говорејќи пред семејствата на израелските заложници кои се држат во Газа по неговиот состанок со израелскиот претседател Исак Херцог, Блинкен рече: „Во моментов на масата е многу силен предлог. Хамас треба да каже да.“

Тој им рече на семејствата дека неговата администрација „нема да мирува сѐ додека сите не се вратат дома“.

Од движењето на палестинскиот отпор Хамас сѐ уште нема коментар за изјавата на Блинкен.

Американскиот државен секретар претходно се состана со Херцог и рече дека американската администрација е „решена“ да постигне договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Блинкен, исто така, истакна дека доколку не се постигне договор за прекин на огнот виновен е Хамас.

„И единствената причина што тоа нема да се постигне е поради Хамас“, рече Блинкен.

Американскиот државен секретар вчера пристигна во Израел на неговата трета станица, по Саудиска Арабија и Јордан, како дел од неговата регионална турнеја за разговори за постигнување прекин на огнот во Газа.

Хамас, за кој се верува дека држи речиси 130 израелски заложници, бара прекин на тековната израелска офанзива врз Газа во замена за каков било договор за заложници со Тел Авив.

Претходниот договор во ноември минатата година донесе ослободување на 81 Израелец и 24 странци во замена за 240 Палестинци, од кои 71 жена и 169 деца.

Израел спроведува немилосрдна офанзива врз палестинската енклава по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври минатата година, во кој загинаа околу 1.200 луѓе.

Во израелските напади во Газа оттогаш загинаа над 34.500 Палестинци, претежно жени и деца, а илјадници се повредени.

Повеќе од шест месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, 85% од населението е внатрешно раселено, кое е соочено и со целосна блокада на храна, чиста вода и лекови, според ОН.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Работниците протестираа за повисоки плати и почитување на нивните права

Следно

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop