Работнички и земјоделски револт на улиците во европските градови, голем протест во Брисел

1 min read

Незадоволните земјоделци со околу илјада трактори ги блокираа улиците околу седиштето на европската комисија во Брисел, каде се одржува самитот на европската унија, соопшти белгиската полиција.

Конвои од трактори на гневни земјоделци, по неколкунеделни протести низ еу, влегоа во белгискиот главен град рано наутро со громогласни мотори, петарди и сирени додека европските лидери ги слушнаа нивните проблеми со прекумерните трошоци, правила и бирократија. во пристигнати се и земјоделци од северна Франција и Луксембург.

Земјоделци бараат намалување на административното оптоварување и олабавување на европските еколошки политики, со цел, како што тврдат, да му се овозможи на земјоделскиот сектор да биде „вистински економски, еколошки и социјално одржлив“.

 

– Ние сакаме да покажеме дека ќе останеме силни. Сакаме да бидат слушнати нашите барања. Сакаме министрите да делуваат, зошто вака полека не убиваат.

– Ние бараме да ги сменат нивните закони. Зборуваат дека ќе се земе земјиштето за други цели. Но ако се случи тоа, тоа земјиште повеќе нема да биде обработливо. Бидејки и онака веќе е тешко да се преживее.

– Се надеваме дека ќе видиме силни зборови и акција. Ние навистина се надеваме дека ќе видиме на дело нешто конкретно.

Многу патници пак кои планираат да летаат кон или од 11 големи германски аеродроми денеска ќе мора да направат алтернативни аранжмани поради штрајк на персоналот за безбедност. Работниците на аеродромите во погелемите германски градови го започнаа штрајкот кој највија дека ќе трае до вечерва. На аеродромите во Берлин, Хамбург и Штутгарт откажани се сите полетувања.

Во Дизелдорф, пак, откажани се само една третина од летовите, а две третини се уште се планирани. Според проценките на аеродромското здружение ADV, околу 1.100 летови ќе бидат откажани или одложени случај кој би влијаел на околу 200.000 патници.

Нормалните летови најверојатно ќе продолжат во петок. Во Финска пак речиси 300.000 фински работници денеска ќе започнат дводневен штрајк во знак на протест против планираните реформи на десничарската влада на пазарот на трудот и предложените кратења во социјалниот систем. Компаниите и синдикатите рекоа дека штрајковите се очекува да заглават голем дел од финскиот воздушен сообраќај денес и утре, да влијаат на производството на рафинеријата за нафта и да затворат многу продавници, фабрики и градинки.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Првиот турски астронаут го тестира проектот за детекција на болести преку звукот

Следно

Министерот Панче Тошковски на работен состанок со раководството на СВР Скопје

Latest from Blog