Путин е подготвен со Трамп да преговара за мир во Украина

November 20, 2024
1 min read

Претседателот на Русија, Владимир Путин е подготвен да разговора за примирје со Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, потврдија пет руски неименувани извори за Ројтерс, пренесува ХИНА.

Но, Путин ја отфрла можноста за територијални отстапки и бара Киев да се откаже од амбицијата за членство во НАТО.

Петмина актуелни и поранешни руски претставници наведуваат дека Кремљ би можел да се согласи на замрзнување на конфликтот на сегашните линии на фронтот.

Тројца извори тврдат дека Путин е отворен за преговори за прецизно разграничување на четирите источни украински региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон. Москва овие региони ги смета за своја територија иако руската армија контролира само 70 до 80 отсто, што не ја спречи илегално да ги анектира.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски претходно изјави дека Киев нема да се согласи на примирје додека сите руски војници не ја напуштат украинската територија, што за американските генерали е амбициозен план. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Отровен воздух“

Следно

Детски парламент во Собранието по повод Светскиот ден на детето

Latest from Blog

Меџити: Пешачки и велосипедски патеки за поголема мобилност на „Ферид Мурад“

Работите на улицата „Ферид Мурад“ продолжуваат со стабилна динамика, а проектот добива јасна форма на терен, кои денес одблизу ги проследи градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити. Досега се поставени и

Страмер: Уморен сум од влијанието на Трамп и на Путин врз трошоците за енергијата во мојата држава

Стармер, во интервју за Ај-Ти-Ви, рече дека порастот и падот на цените на енергенсите зависат од постапките на лидери како што се американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. „Уморен

27.000 лица одбиени на влез во ЕУ поради нов систем за гранична контрола

Од моментот кога минатата година во октомври започна постепеното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија, на повеќе од 27.000 лица им е ускратен влез во блокот, информираше денеска
Go toTop