Детски парламент во Собранието по повод Светскиот ден на детето

November 20, 2024
1 min read

Ученици од 15 основни училишта од повеќе градови во земјава денеска повторно се најдоа во улога на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, во рамки на проектот „Детски парламент“, а по повод 20 Ноември – Светскиот ден на детето.

Обраќајќи им се на децата кои годинава беа дел од Детскиот парламент, генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, истакна дека најмладите секогаш шират посебна енергија и дека законодавниот дом е секогаш  отворен за активности посветени на учениците. 

„Детскиот парламент не е само симулација на возрасните политички структури. Тој е вистинска можност за вас, младите луѓе, да се вклучите во процесот на дискусија, дебата и одлучување. Тој ви дава платформа да ги изразите вашите мислења и да учествувате во создавањето позитивни промени во вашата заедница и пошироко“, рече Димовска.

Не заборавајте дека вашите идеи се важни, рече Димовска, посочувајќи дека детскиот глас може да донесе промени, да инспирира нови политики или да започне нови процеси. 

„Вие сте иднината на нашето општество, а учењето и практикувањето демократија од млада возраст е клуч за развојот на една силна и одговорна заедница. Се надевам дека ќе излезете од тука со нови идеи, нови пријателства и ново разбирање за тоа како сите ние, без разлика на возраста, можеме да го направиме светот подобро место за живеење“, рече Димовска.

Како што потсети генералната секретарка на Собранието, Генералното собрание на Обединетите нации во 1954 година го прогласи 20 Ноември за Светски ден на детето, кој има за цел да обезбеди благосостојба на децата низ светот и да ги потсети возрасните дека децата, како рамноправни членови на секое општество, имаат свои права и истите треба да се почитуваат.

На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето, а во 1989 година беше усвоена и Конвенцијата за правата на детето, што нашата држава ја ратификуваше во 1993 година.

Најмладите кои се вклучија во годинешниот Детски парламент изработија креативни паноа, со пораки до пратениците, цртежи и стихови. Тие исто така се најдоа во улога на пратеници, дискутирајќи на тема „Замена на класичните со електронски учебници“. 

Учениците имаа можност и за средба со пратеници и за организирана обиколка на Собранието. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин е подготвен со Трамп да преговара за мир во Украина

Следно

Мицкоски тврди дека има над 80 пратеници, и ДУИ и СДСМ се сигурни дека нивни пратеници нема да преминат во власта

Latest from Blog

ТРИ ЗЕМЈИ ОД ЕУ БАРААТ РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО ИЗРАЕЛ: „Ги крши човековите права“

Шпанија, Словенија и Ирска побараа од Европската комисија да покрене дискусија за евентуалното суспендирање на Спогодбата за асоцијација меѓу Европската Унија и Израел, објави денес шпанскиот медиум „Кадена Сер“. Министрите за надворешни

ТРИ ЗЕМЈИ ОД ЕУ БАРААТ РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО ИЗРАЕЛ: „Ги крши човековите права“

Шпанија, Словенија и Ирска побараа од Европската комисија да покрене дискусија за евентуалното суспендирање на Спогодбата за асоцијација меѓу Европската Унија и Израел, објави денес шпанскиот медиум „Кадена Сер“. Министрите за надворешни

Јаневска: Иселениците почнаа да се враќаат, тоа е резултат на новите политики на Владата.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска изјави дека првите статистички податоци веќе покажуваат прилив на иселеници кои се враќаат во Македонија. Според неа, иако бројките сè уште не се масовни,

Интер го„скрши“ Каљари и ита кон титулата!

ФОТО:facebook.com/Inter/ Интер направи голем чекор кон враќање на титулата во Милано, а вечерва се приближи уште повеќе до освојување на Скудетото со победата од 3:0 дома против Каљари во првиот натпревар од
Go toTop