Протестите во Србија продолжуваат со несмалено темпо

December 23, 2024
2 mins read

Расте притисокот врз Александар Вучиќ. Десетици илјади повторно излегоа на улица во Белград и Ниш со барање Српскиот претседател да ја напушти функцијата но и казни за одговорните за трагедијата во Нови Сад.

Веќе со недели студентите секојдневно протестираат и ги блокираат универзитетите но овој пат им се приклучија и земјоделците, актери, спрортисти, просветните работници, незадоволни од одлуката на српската влада порано да почне зимскиот распуст за учениците, одлука кои требаше да ја смират ситуацијата во земјата.

 

„Тука сум за да им одадам почит на сите жртви во Нови Сад. Тука сум бидејќи доволно е!  Излеговме на улица бидејќи повеќе навистина нема смисла ова што се слуќчува во државата.“ – Дарија Поњолка студент.

„Младоста се разбуди и тоа е многу важно. Има многу луѓе на улица денеска. И кога ќе го видите тоа добивате крила, конечно малку светлост. На ова а валст и пречи секое обединување на народот, затао и го однесоа тракторот на Златко Кокановиќ, и пречи и масовноста, тие сакаат ние да бидеме буквално распрачани, но во реалноста е различно бидејќи луѓето кои се незадоволни од ваклста се обединуваат.“ – .изјава Златко Кокановиќ земјоделец.

„Две марици, два џипа, и 50 до 100 полицајци, дел во оклопни возила, дел специјалци, дел цивили поради непрописно паркирање. Не почекаа да дојде мојот адвокат и буквално ме присилија да го отворам тракторот да го претресат. Затао сите луѓр е треба да дојдата на протест за  еднаш за секогаш да ставиме крај на лагите и измамите на оваа власт.“ – Светлана Бојковиќ актерка.

Секој ден во Србија дел од студентите, учениците и граѓаните застануваат по 15 минути на градските сообраќајници, за да им оддадат почит на жртвите од падот на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад. Блокирани се над 50 факултети на четири државни универзитети, неколку ректорати и десетици средни училишта. А додека граѓаните се подготвуваа за протест, Александар Вучиќ со нова порака: Никому нема да ја предадам власта без избори. Не пропушти можност да ги повика своите поддржувачи да се обединат и да се спротистават на оние кои се обидуваат да го симнат од власт.

„Одржан е голем собир во Белград. Полицијата вели 28, 29 000 луѓе. Исклучително голем собир. Тие луѓе се опозициско ориентирани и секогаш сум бил подготвен да чујам што имаат да кажат, што мислат дека е важно за нашата земја. Верувам дек многу е поголем бројот на луѓето што мислат поинаку и затао е многу е важно да се слушаме едни со други, а тоа да биде некој друг однос во иднина.“ – рече Вучиќ.

А додека надлежните тврдат дека ги исполниле сите барања, студентите остануваат на ставот  дека објавената документација не е целосна и не одговара на главнот опрашање, кој е одговорен за несреќата во Нови Сад.

Неодамна, градежниот факултет во Белград објави демка според анализата  која ја направиле на документите објавени на интеррнет страната на српската влада, недостигаат клучните документи. Бетонската натстрешница на железничката станица во Нови Сад се урна само неколку месеци по свеченото отворање. Реконструкцијата траеше три години, а официјалните лица тврдеа дека таа е направена според највисоките европски стандарди. Досега 13 лица се уапсени поради сомневање за пропусти при реконструкцијата, меѓу кои и поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, кој по неколку дена штрајк со глад, излезе од притвор.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Пет лица го загубиле животот годинава на патиштата во охридскиот регион

Следно

Околу 200.000 домови без струја во БиХ поради снежните врнежи

Latest from Blog

Меџити: Координирани активности за заштита од високите температури во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата Изет Меџити, најави координирани мерки за заштита на граѓаните во периодот на високи температури, по одржаниот состанок со претставници на здравствени институции и Црвениот

Проданоски: Прилеп горд на своите ученици – тие се амбасадори на знаењето

Градоначалникот на Прилеп, Проданоски, истакна дека младите и нивните успеси се најсилната потврда за квалитетот, трудот и посветеноста во образованието. „Нашите ученици се нашата најголема гордост и најсилна потврда дека знаењето, трудот

Димитриеска-Кочоска: Владата инвестира во проекти што носат долгорочни резултати

26 јуни 2026 година, Скопје– Ребалансот на Буџетот за 2026 година е насочен кон обезбедување средства за реализација на капитални инвестиции, исполнување на обврските преземени со колективните договори и поддршка на развојните

Очекувано реми на Парагвај и Австралија, Турција си замина дома со победа над домаќинот (ВИДЕО)

Групата Д на текониот Мундијал го доби очекуваниот епилог синоќа. Последното трето коло го донесе расплетот на табелата, и патниците во следната елиминациона фаза. Она што се претпоставуваше дека ќе се случи
Go toTop