Протест против владината реформа на пензискиот систем: Илјадници луѓе без струја во Франција

April 7, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Илјадници потрошувачи денес останаа без струја во Франција, откако синдикатот го прекина снабдувањето во знак на протест против владината реформа на пензискиот систем, јавува Анадолу.

Енергетскиот огранок на јавните служби на синдикатот на Генералната конфедерација на трудот (CGT) ја презеде одговорноста за прекинот на електричната енергија што ги зафати југозападните департмани Горна Гарона и Ариеж.

Дистрибутерот на електрична енергија „Енедис“ потврди дека 4.000 домаќинства во Горна Гарона и 14.000 во Ариеж, заедно со голем број фабрики, биле погодени од прекинот на струја.

Франција се соочува со постојани протести од 16 март, кога претседателот Емануел Макрон и премиерката Елизабет Борн решија да ги искористат уставните овластувања за да го усвојат Законот за пензиски реформи без одобрение од Парламентот.

Реформите вклучуваат зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, како и најмалку 43 години работа за квалификација за полна пензија. Планот предизвика гнев кај граѓаните откако беше објавен минатата година, со масовни протести и штрајкови низ целата земја од јануари.

Француската Влада, пак, најави дека нема да ја повлече контроверзната пензиска реформа и покрај штрајковите, масовните протести и насилството во многу градови низ земјата.

Енергетските работници во март ветија дека ќе ја блокираат земјата со излегување од нафтените рафинерии и прекинување на работата на бензинските пумпи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ердоган: Исламскиот свет треба да биде обединет против нападите на Израел во Палестина

Следно

Арсовска изврши увид во изградбата на клучка на булеварите „Никола Карев“ и „Осми Септември“

Latest from Blog

Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање. ПК „Љуботен“ претставува најстар активен

„THE RED APPLE“ -Зохран Мамдани со срп и чекан на насловната на New York Times

На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во позадина, Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, додека на небото над облакодерите се

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен
Go toTop