Арсовска изврши увид во изградбата на клучка на булеварите „Никола Карев“ и „Осми Септември“

April 7, 2023
1 min read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска изврши увид во реализацијата на проектот за изградба на клучка на крстосницата на булевар „Никола Карев“ со булевар „Осми Септември“. 

Како што информираат градските власти, ова е еден од најголемите капитални инфраструктурни проекти кои се во тек во Град Скопје и се одвиваат согласно предвидената динамика.  

– Со реализацијата на овој проект главниот град добива целосно ново сообраќајно решение и ќе придонесе кон олеснето и безбедно движење на овој дел на градот, се вели во соопштението. 

Со овој проект, покрај изградба на клучката се предвидува и изградба на нов кружен тек на крстосницата на булевар „Осми Септември“ со улицата „Скупи“, со што се елиминираат проблемите кои во сообраќајот ги правеше дотраеното сообраќајно решение со семафор, а значително се подобрува и безбедноста.

Се предвидува изградба на два нови моста на река Серава, едниот на булевар „Осми Септември“ и вториот на булевар „Никола Карев“, реконструкција и проширување на дел од улицата „Скупи“, булевар „Осми Септември“ и булевар „Никола Карев“. Се предвидува изградба на нови пешачки и велосипедски патеки, со соодветно хортикултурно уредување и ново улично осветлување и изградба на целосно нова атмосферска канализација. 

– Ги замолуваме граѓаните за внимателно движење по трасата и за трпение со оглед на моменталниот времен сообраќаен режим на движење на возила. Реализацијата на овој проект е исполнување на уште едно ветување од програмата „За Модерно Скопје“, се вели во соопштението од Град Скопје.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Протест против владината реформа на пензискиот систем: Илјадници луѓе без струја во Франција

Следно

Украина: Протекувањето на документите е руска операција за дезинформирање

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop