Протест на студентите пред МОН, бараа редовна исплата на стипендиите, ваучери за превоз, подобри услови за домување

February 5, 2024
1 min read

Студентите дадоа црвен картон за Министерството за образование и наука. И покрај тоа што утрово на своите трансакциски сметки ги добија стипендиите тие излегоа на протести пред МОН, со една цел – конечна реализација на сите нивни барања.

Според претседателот на Универзитетското студентско собрание, првично требало стипендиите да ги добијат на средината на јануари, потоа кон крајот на јануари за да на крај ги добијат денеска непосредно пред почетокот на најавените протести.. Студентите се револтирани и велат дека на улица се поради  ненавремената исплата на сите мерки и неодговорното работење на самата институција.

Студентите не се откажуваат-потенцираат, промените во општеството доаѓаат од студентите, а за квалитетно образование велат, потребни се и поголеми финансиски средства..

Која е позицијата на студентот во државата? Студентите, како што посочуваат бараат основни услови за нивниот студентски живот и исполнување на барањата. Барањата велат се исти големиот протест во ноември 2022.

Министерот Јетон Шаќири со став дека има промена од ноември 2022. Вели, средствата за студентскиот оброк се исплаќаат навремено, а реконструкцијата на студентските домови ќе започне во најкус временски рок бидејќи Шаќири уверува дека сите правни законски обврски се завршени. Каде е кочницата за реализација на студентските барања?

Студентите најавуваат дека следениот чекор е иницијатива за воспаставување календар на активности, според кои  МОН ќе треба да се придржува и ќе бараат промена во Законот за 

за студентскиот стандард, со цел поголема финансиска поддршка, бидејќи велат и трошоците за живот се поголеми.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Тајпеј тајмс“: САД му испорачаа ракетни системи „Стингер“ на Тајван

Следно

Почна судењето на Додик, неговата соработничка збесна на судијката: Исфрустрирана кучка (ВИДЕО)

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop