Прослава на виното и на љубовта: Што ќе славите денеска – Свети Трифун или Свети Валентин?

February 14, 2025
1 min read

Се закрои лозјето, се вкуси македонското црвено вино, се послужи трпезата. Во црквата Св. Трифун во село Ајаковци и оваа година се одржа саемот за вино кое веќе традицонално се одржува 10та годин.

На саемот беа изложени 10 видови на домашно вино и се избра највкусното. Традицијата се пренесува од колено на колено.

„Оваа година сите вина се победници, наградата е оваа цела маса на луѓе тука што ќе дојдат нели што ќе го вкусат виното, што ќе кажат нели дека добри вина правиме. Уште една многу битна работа околу празникот Св.Трифун го празнуваме и со свечена литургија. Посебно денеска за нас беше чест Владиката Илинденско Дељадровски ја водеше литургијата заедно со неговите служители.“ – Борче Божиновски.

Св.Трифун не е само заштитник на лозјата, туку и пример на христијанска љубов. Додека православните христијани го праснуваат Св. Трифун , католиците го празнуваат Св. Валентин. Но двата празници испраќаат исти пораки како љубов, почит, сакање и разбирање.“

Граѓаните поделени во мислењата. Повозрасните да се следи традицијата, а помладите да се направи спој на двата празника, за да се спочитуваат и саканите.

„Прво Св.Трифун, а еве и цвеќе носам за Св.Валентин. Сопругата ќе ја однесам во еден добар ресторан и така ќе ги прославиме и двата.“

„Јас сум православен, повеќе го славам Св.Трифун.“

„И Св.Валентин и Св. Трифун. Вечер ќе излезем, ќе прославиме, ќе се напиеме нешто со вино љубов и така.“

„Сама сум, не празнувам Валентин, ама и Св.Трифун подржувам.“

„Св.Трифун, пиеме вино.“

Свети Трифун е еден од поголемите православни христијански празници коишто се слават кај нас, а денот се врзува со обредното закројување на лозјата. Традиционално, секоја година се слави на 14-ти февруари и за некои ова е последниот од зимските, а за други прв од пролетните празници.

И додека вечерва се ќе биде во знакот на празнувањата од Републичкиот Совет за безбедност на патиштата со апел доколку граѓаните пијат алкохол, да не управуваат со моторно возило, да користат јавен превоз, да возат со внимание и да се грижат за безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Реципрочни“ американски царини: Шефицата на ЕК вели дека „трговските војни и казнените царини немаат смисла“

Следно

Дали украинските минерали се доволни за компензација на украинската воена помош?

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop