Дали украинските минерали се доволни за компензација на украинската воена помош?

February 14, 2025
1 min read

Ретките земни минерали – група од 17 метални елементи кои, и покрај своето име, не се толку ретки се од големо значење за американските креатори на политики, бидејќи се основа за технологија што се користи во наведувани ракети, ветерни турбини и други стратешки системи.

Сепак, Кина има доминантна контрола врз глобалните синџири на снабдување, што ја прави зависноста од овие ресурси стратешка ранливост што Вашингтон со години се обидува да ја надмине. Разговорите за нивната експлоатација напредуваат особено после посетата на американскиот секретар за финансии Скот Бесент на Киев, како првиот функционер од кабинетот на Трамп што ја посети Украина. Сепак пишува Форен полиси, дури и ако Киев и Вашингтон постигнат договор, пред нив стојат големи предизвици.

Иако Украина поседува значителни резерви на ретки земни минерали, како и ресурси како ураниум и титан, таа во моментов не произведува ретки земни елементи, ниту пак ги произведувала во последните неколку децении. Тинк-тенкот We Build Ukraine, проценува дека руската окупација ги направила 40% од металните минерални богатства на Украина недостапни.

„Трамп можеби ќе има подобри односи со Русија, но не може да се развие рудник од нула и да се извлечат ресурси за три или четири години,“. Во глобални рамки, во просек се потребни 15 години за развој на рудник. „Тоа е проект што трае со децении.“ – “Foreign Policy”.

Дел од експертите мислат и дека ова е паметен потег на Зеленски за да ја добие подршка од новата администрација, но, на крајот, сè се сведува на развојот на овие наоѓалишта и нивно ставање во функција, што би можело да потрае со години.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Прослава на виното и на љубовта: Што ќе славите денеска – Свети Трифун или Свети Валентин?

Следно

Асоцијацијата на професори по Етика во религиите бара враќање на статусот на предметот и нивно трајно вработување

Latest from Blog

Божиновска: Продолжуваме со транспарентно спроведување на реформите и европската агенда

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг

МБИ10 загуби 31 поен, инвеститорите најактивни кај Алкалоид, Телеком и Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.620,48 поени. Во однос

Денеска на Мундијалот: Стартува 3.коло во групната фаза, БиХ оди на победа за пласман во 1/16 финалето

ФОТО:.facebook.com/nfsbih/ Пред нас е стартот на 3.коло од групната фаза на Мундијалот. Коло по кое ќе се знаат и официајално сите учесници во 1/16 финалето, како и двојките. На програмата се дури

ПРВ СЛУЧАЈ НА ЕБОЛА ВО ФРАНЦИЈА: Првиот случај е лекар кој се вратил од Конго

Франција го пријави својот прв случај на ебола за време на актуелната епидемија, откако беше утврдено дека лекар, кој се вратил од Демократска Република Конго (ДР Конго), е позитивен на вирусот. Француското

Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да
Go toTop