Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

March 23, 2026
1 min read

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија.

Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже каков е правниот статус на вториот протокол потпишан меѓу Бугарија и Македонија е обид Северна Македонија да почне преговори со ЕУ без да го исполни условот од Преговарачката рамка – Бугарите да влезат во Уставот.

– Со амандманот 108, Вајц предлага текстот на идната резолуција да биде напишан така што Европскиот парламент ‘ја повикува правната служба на Советот итно да ги разјасни сите двосмислености во врска со правниот статус на вториот билатерален протокол кон Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји во врска со процесот на пристапување.

Протоколот експлицитно наведува дека следната меѓувладина конференција, која ја завршува фазата на отворање преговори, ќе се одржи дури откако Северна Македонија ќе ги вклучи Бугарите во својот устав. Па така според БГНЕС целта на овој текст е да се започнат преговори за пристапување на Северна Македонија без Скопјe да ги исполни своите обврски. Агенцијата пишува дека Вајц целосно одговара на политиките на македонските власти.

– Загриженоста на Вајц за спроведувањето на пресудите на ЕКЧП е пофална, но ваквите формулации немаат место во документ чија единствена функција е да ја утврди подготвеноста на Скопје да биде дел од демократските европски држави.

Агенцијата завршува со ѕоа што ги повикува бугарските европратеници да не станат соучесници во напорите на Скопје да не ги исполни своите меѓународни обврски „и да ги префрли последиците од сопствената неспособност врз Софија“.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Осимен е веќе опериран, не се знае кога ќе се врати на терен

Следно

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Latest from Blog

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала

На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по
Go toTop