Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

March 23, 2026
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница.

Таа изрази задоволство од посетата, истакнувајќи дека се чувствува „како дома“ во духовниот храм, кој го оцени како важен центар за зачувување на идентитетот, културата и традицијата на Македонците во дијаспората.

Претседателката упати благодарност до хрватските власти и граѓани за поддршката и разбирањето, овозможувајќи македонската заедница да има свој духовен дом.

Сиљановска-Давкова нагласи дека хрватско-македонските односи се пример за успешна соработка, потсетувајќи на долгата историска поврзаност меѓу двете земји, од културни до академски врски.

Таа најави дека за време на посетата ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб на хрватски јазик, со цел да биде поблиска и поразбирлива за студентите.

Во храмот, претседателката беше пречекана од отец Кирко Велински, кој ѝ врачи орден во знак на почит и благодарност за посетата.

Тој истакна дека црквата не е само место за молитва, туку и духовен и културен центар што ги поврзува Македонците со татковината.

-Црквата не е само место за молитва, туку духовен центар каде што се негува нашата вера, традиција, обичаи, јазик и идентитет. Таа е мост меѓу татковината и дијаспората, прибежиште за сите кои бараат утеха, место за средби, човек со човек и човек со Бога, рече отец Велински.

На средбата со претставниците на македонската заедница беа разменети мислења за нивната положба во Хрватска, како и за можностите за унапредување на врските со Македонија. Разговорите поминаа во срдечна атмосфера, со акцент на зачувување на националниот идентитет, јазикот и културата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Следно

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

Latest from Blog

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала

На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по
Go toTop